Расте бројот на католици во светот
Ватикан, 14.5.2013 /к.мк/ – Бројот на католици во светот за првпат ја помина границата од 1,2 милијарди, но сепак во Европа бележи опаѓање. Ова е објавено во ватиканскиот Статистички Годишник за 2011 година, кој беше објавен во понеделник 13 мај. Според Годишникот во споредба од претходната година има повеќе католици за 1,5 %, односно пораст на бројот од 1,196 милијарди на 1,214 милијарди. За истиот тој период населението во светото е зголемено за 1,23 %. Со тоа бројот на католици во светот, како и досега изнесува 17,5 проценти. Во исто време е претставен и Папскиот Годишник за 2013 година, во кој за прв пат има две премиери. За прв пат во Годишникот се наведува и еден почесен Папа. Во рубриката за Римската епархија, покрај актуелниот епископ на Рим и неговите помошници, стои и кратка биографија на папата Бенедикт XVI, како почесен папа. Покрај тоа во новото издание на Папскиот годишник, папата Фрањо се откажа од титулата „Суверен на ватиканската држава“, и таа титула не стои повеќе на првата страна, иако оваа титула на Папата се наведува во официјалниот наслов на друго место. Овие две книги му се претставени на папата Фрањо од страна на Државниот Секретар, кардинал Тарчизио Бертоне и Анџело Бекиу, субститут во државниот секретар.
Според Статистичкиот Годишник бројот на свештениците во светот порасна за околу 5.000 свештеници, односно од 408.024 на 413.418. Исто така во 2011 година продолжи трендот, бројот на католици и свештеници да расте во Африка и Азија, додека во Европа и Северна Америка стагнира и се намалува. Бројот на епископи во Католичката црква остана скоро непроменет, односно Црквата има 5.132 епископи. Посебно голем е порастот на католиците во 2011 година во Африка со 3,3 %. Порастот на католиците е поголем од порастот на населението, кој во овој период изнесува 2,3 %. Исто така во Азија се зголеми бројот на католиците со 2% повеќе отколку целокупното население, кое е зголемено за 1,2 %. Додека бројот на свештениците во Африка и Азија од 2001 до 2011 порасна за 39,5 %, односно 32 %, во Европа се намали за 9 %.
Уште поголеми се разликите помеѓу континентите кај бројот на свештеничките кандидати: во 2011 во Африка имаше 30,9 % и во Азија 29,4 % повеќе семинаристи регистрирани отколку 10 години претходно; во Европа и во САД имаше 21,7 % помалку. Според ватиканската статистика монахињите забележаа помеѓу 2001 и 2011 намалување од 10%: од 792.000 на 713.000. Од Статситичкиот Годишник произлегува дека скоро половина, 48,8% од сите католици живеат во Америка. Во Европа живеат 23,5 %, во Африка 16 %, во Азија 10,9 % и 0,8 % во Океанија.