Папата: Едноставната молитва може да Го трогне Бог

Папата: Едноставната молитва може да Го трогне Бог

Господ е блиску до нас, Неговото сочувство ќе ги земе на себе нашите проблеми, нашите гревови и нашите внатрешни рани – рече папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта, толкувајќи го Евангелието од Литургија кое зборува за оздравувањето на лепрозниoт.

Господи ако Ти сакаш можеш! Таа е едноставна молитва, чин на доверба и воедно вистински предизвик кој лепрозниот во Евангелието за денешната Литургија му го упатува на Исус за да го оздрави – рече папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта, на 16 јануари 2020 година. Тоа е молба која доаѓа од длабочината на неговото срце и која истовремено зборува за Господовиот начин на делување во знакот на сочувството и страдањето со нас и за нас, го зема трпението на другиот на себе за да го ублажи и да го оздрави во име на љубовта на Отецот.

Осврнувајќи се на Евангелието за денешната Литургија кое зборува за оздравувањето на лепрозниот, и поттикнувајќи нè да гледаме на сочувството на Исус Кој дојде за да го даде животот за грешниците, Папата се фокусираше на „едноставната приказна“ за лепрозниот кој Го бара Исус за да го оздрави. Во тоа „ако сакаш“ се наоѓа молитвата која го привлекува Божјото внимание и постои решение – рече Папата и објасни: Тоа е предизвик, но и чин на доверба. Знам дека Он може и заради тоа Му се доверувам Нему. Но, зошто тој човек почувствувал дека мора така да моли? Затоа што видел како Исус делува. Го видел сочувството на Исус, а не болката, секогаш она истото во Евангелието кое го има лицето на вдовицата од Наин, на добриот Самарјанец и на таткото на блудниот син.

Сочувството доаѓа од срцето и води кон тоа, нешто да се направите – рече Светиот Отец и продолжи: Сочувството значи да се трпи со некој, да се земе на себе трпението на другиот за да го решиш и да го оздравиш. Тоа било посланието на Исус. Исус не дојде за да го проповеда законот и потоа да си замине. Дојде за да сочувствува, односно трпеше со нас и за нас и го даде својот сопствен живот. Исусовата љубов е толку голема што сочувството го одведува токму до крстот за да го даде својот живот.

Да ја повторуваме таа кратка реченица: „Исус, трогнат, подаде рака“ – повика папата Фрањо и напомена: Исус е способен да се вклучи во болката и проблемите на другите затоа што дојде заради тоа, не дојде само за да ги измие рацете, да одржи три – четири проповеди и да си замина. Тој секогаш е со нас. Господи ако сакаш можеш да ме оздравиш; ако сакаш можеш да ми простиш; ако сакаш можеш да ми помогнеш. Или ако сакате малку подолго: Господи, грешник сум, смилувај ми се, сожали се над мене! Таа е едноставна молитва која често можете да ја повторувате во денот.

Господи, јас сум грешник, смилувај ми се! Повеќе пати на ден, од длабочината на срцето, без гласно изговарање, можеме да кажеме: „Господи, ако сакаш Ти, можеш! Имај сочувство кон мене! Да го повторуваме тоа – поттикна Папата и додаде: Лепрозниот со својата едноставна и чудесна молитва успеа да добие оздравување благодарение на сочувството на Исус Кој нè љуби и во гревот, и од нас не се срами.

Некој ќе каже: Оче, грешник сум, како ќе отидам и тоа да го кажам…? Затоа што Он дојде заради нас грешниците. Колку си поголем грешник, Господ ти е уште поблиску, затоа што дојде заради тебе, мене и заради сите нас. Нека тоа стане наша навика, секогаш да ја повторуваме таа молитва: Господи, ако сакаш Ти, можеш! Да повторуваме со доверба дека Господ ни е блиску и Неговото сочувство ќе ги земе на себе нашите проблеми, гревови, внатрешните болести и сè останато – рече на крајот Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот