На 25 март 2017 година во парохијата „Свето Благовештение“ во Штип се служеше свечена Миса по повод патрониот празникот Благовештение Господово.
Светата Литургија ја предводеше о. Марјан Ристов, канцелар на Скопската Бискупија и Апостолскиот Егзархат во Македонија, кој исто така духовно ги збогати верниците со својата пригодна проповед.
На Светото Евхаристиско славење присуствуваа и свештеници од Апостолскиот Егзархат во Македонија и од Скопската Бискупија, на кои домашниот парох о. Тони Ангелов им се заблагодари за нивното присуство со што ја зголемија радоста во прославувањето на патрониот празник.
к.мк