Ахиерејската света Литургија која ја предводеше Апостолскиот егзарх во Макеоднија и Скопски бискуп д-р Киро Стојанов беше централниот настан во прославувањето на парохискиот заштитник светиот пророк Илија во Радово, која ја служеше на 2 август 2017 година. На истата сослужуваше и архепископот Гуидо Анселмо Пекорари, Апостолски нунциј во Република Македонија.
Светата Литургија започна со свечена процесијата во која покрај владиката и свештениците беа и министрантите дочекани на влезот со пригодна песна отпеана од сите верници присутни во храмот.
Свој поздрав и благодарност до сите упати домашниот парох д-р Зоран И. Стојанов, кој нагласи дека му причинува особена чест што може во името на сите верници од Радово да ги поздрави бискупот, нунцијот, сите свештеници од Апостолскиот егзархат и Скопска бискупија и сите верници дојдени од други места, а потекнуваат од Радовската парохија, како и верниците од другите парохии. Светата литургија заврши со Многолетсвие и миросување со елејот благословен на Великата Вечерна наспроти празникот.
На крајот во дворот на црквата Свети пророк Илија беше благословено заедничкото Агапе подготвено од црковните одборници.
Кирил/к.мк