Папата: На црквата ѝ е потребна благост

Папата: На црквата ѝ е потребна благост

И денес во Црквата постојат луѓе кои со морална строгост ги сокриваат своите грешки – истакна папата Фрањо на светата Литургија на 5 мај 2017 година во домот Света Марта.

Појдовна точка во неговата проповед беше првото литургиско читање земено од Делата на светите апостоли, во кое се опишува преобраќањето на свети Павле.

Папата потсети дека името Саул прв пат се спомнува при каменувањето на свети Стефан. Светиот Отец го замислува Савле како млад идеалист кој бил строг. Бил „уверен“ во строгоста на законот, но неговата строгост била „искрена.“ Меѓутоа Исус ги осудува оние чија строгост „не била искрена.“

Станува збор за строги луѓе со двоен живот – предупреди папата Фрањо – тие настојуваат да се покажат во добро светло, како искрени луѓе, но кога никој не ги гледа, тогаш прават лоши работи. Од друга страна, тој млад човек бил искрен: Савле навистина верувал во тоа. Додека тоа го зборува – продолжи Папата – мисли на многу млади луѓе во Црквата денес кои подлегнале на искушението на строгоста. Некои се искрени, тие се добри. Треба да се молиме, Господ да им помогне да растат на патот на благоста.

Но, други ја користат таа строгост за да ги прикријат своите гревови и слабости и да се издигнат над останатите. Савле израснал во строгоста и доаѓа до точка кога повеќе не можел да поднесува нешто што го смета за ерес; и така започнува да ги прогонува христијаните. Савле потоа поаѓа на пат за Дамаск за да „ги доведе врзани во Ерусалим.“ христијаните. И на тој пат се среќава со Исус, се сретнува со силата на Господовата благост. Савле станал Павле кој го навестува Господ до самиот крај и кој за Него страда.

И така тој човек им проповеда на другите врз основа на своето искуство. Бил прогонуван, имал многу проблеми, дури и во Црквата… Трпел и заради тоа што христијаните меѓусебе се карале. Но, Павле кој некогаш христијаните ги прогонувал со својата строгост на законот, станува еден од најголемите навестители на Божјото Слово – рече Папата.

Патот на христијаните – истакна Светиот Отец – е да се оди по патот на Исус Христос, по патот на проповедањето, трпењето, крстот, воскресението. Да го молиме денес Савле посебно за оние во Црквата кои се строги; за оние строги и искрени кои како него се ревни, но не се во право. Конечно, за оние строги кои се лицемерни, кои живеат двоен живот, за кои Исус на своите ученици им рекол: Правете го она што ви го кажуваат, но не она кое го прват… Да се молиме за строгите – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот