Прославен патрониот празник на црквата во Бистренци
Со Светата архиерејска Литургија предводена од Н.В.П д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзахр во Македонија во присуство на голем број верници во недела 24 април 2016 година e прославен патрониот празник на црквата во Бистренци посветена на Свети Јосиф.
Епископот Стојанов во својата проповед зборувајќи за ликот на свети Јосиф работник го истакна како пример за нас христијаните, како и за поврзаноста на трудот и духовноста.
Меѓу присутните беа и жители од село кои секогаш се редовни во молитвите и помошта при уредување на црквата, а тоа посебно се потврди со претпразничното уредување на дворот и внатрешноста на црквата. На светата Литургија присуствуваа и верници од Неготино, Кавадарци и Демир Капија.
Во дворот на црквата од страна на верниците беше организирано освежување и дружење.
к.мк