Папскиот делегат кардинал Пуљиќ се сретна со Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов

На 12 септември 2016 година за време на својата посета на Скопје, специјалниот делегат на Светиот Отец, папата Фрањо по повод благодарноста за дарот на канонизација на Света Мајка Тереза, надбискупот врхобосански, митрополит и претседател на Бискупската конференција на Босна и Херцеговина, кардинал Винко Пуљиќ оствари средба со претседателот Иванов во претседателската резиденција.

На самиот почеток на средбата месниот бискуп Стојанов се заблагодари на претседателот Иванов за приемот и покрај Папскиот пратеник ги претстави и останатите членови на придружбата меѓу кои беа и врховната поглаварка на монашката заедница на Мисионерки на љубовта, с. Марија Према, постулаторот на каузата на Мајка Тереза, о. Брајан Колдејчук и други.

Покрај искажаното добредојде, претстедателот Иванов се заблагодари на Папскиот делегат кардинал Пуљиќ, кој со своето доаѓање во Скопје и служењето на светата благодарна Миса за дарот на канонизација на Мајка Тереза даде значење на оваа прослава. Тој истакна дека „Македонија има многу светци, но света Мајка Тереза е од ова ново време. Ние одиме по улиците по кои таа одела, ние сме тој дух, која таа го ширеше во светот, тука ги прими основните вредности.“ Претседателот Иванов исто така нагласи дека Македонија низ својата историја ја чува убавата традиција на соживот со другите, како и почитувањето во различноста, што претставува богатство за земјата и народот, а токму тие вредности Мајка Тереза ги прими во своето образование и ги понесе од оваа земја.

Кардиналот Пуљиќ се заблагодари на срдечната средба и зборовите упатени од претседатолот Иванов и ги пренесе поздравите на Светиот Отец папата Фрањо. „Претседателе, искажувам признание и благодарност до сите организатори, за целокупната организација на овој настан на благодарност, кој можевме да го славиме, а посебно мојата благодарност ја упатува до вас како генерален покровител на оваа Татковинска прослава „Денови на света Мајка Тереза“.

Убаво ја доживеав вчерашната прослава и поради тоа се радувам поради вклученоста на вашите институции, односно што државата Македонија ги препознава оние вредности која ги ширеше, онаа која е родена во овој град. Ви оддавам признание за вашиот вчерашен говор, ме радува вашиот став кој ги застапува начелата на верата и моралот. Гледем дека тука е присутна борба за живот, а народот кој не го сака животот, нема иднина. Не смееме да дозволиме да се заробиме од глозбализацијата, која сака да ги уништи вредностите. Во срцето носам убави спомени од Македонија, и оваа прослава, која се случи во центарот на градот Скопје, на плоштадот Македонија носи една порака, а тоа е да се живее со љубов.

На крајот на срдечната средба присутните си разменија дарови.

 к.мк

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот