Претставникот на Ватикан Гаспари во посета на сиромашни населби во Рио

Рио, 29.4.2013 /к.мк/ – Алберто Гаспари, претставник и одговорен за патувањата на Папата во петок, 26 април посети две сиромашни наслеби во Рио де Жанеиро. Како што јавува агенција АНСА постои можност папата Фрањо да ги посети овие сиромашни населби за време на неговиот престој во Рио по повод Светскиот ден на млади.

Бидејќи една од темите на Светскиот ден на млади во Рио е зависноста од дроги кај младите, се шпекулира дека постои можност Папата да оставри средба со некои млади зависници. Бројот на млади зависници од дрога во Рио е во драматичен пораст. Официјалната програма за Светскиот ден на млади во Рио треба да биде објавена на 7 мај.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<