Претседателот на Папскиот совет за лаици за подготовките за Светскиот ден на млади во Рио де Жанеиро

Ватикан, 13.7.2013 /к.мк/ – По богатите подготвителни средби во Рио де Жанеиро кардинал Станислав Рилко, претседател на Папскиот совет за лаици.се врати во Рим Станува збор за непосредни подготовки за Светскиот ден на млади од 23 до 28 јули. За Радио Ватикан, кардинал Рилко најпрво изјави дека се работи со забразно темпо при завршните работи на оваа толку многу очекувана средба на младите со Папата.

Потоа кардиналот истакна дека таа средба на посебен начин ги обврзува местата каде ќе се одржат различните настани, но во сите тие случувања е вклучена целата Црква од Бразил, но исто така се вклучени и многу некатолици, па со тоа добива и пошироко, екуменско значење. Од тој поглед и подготовките за Светскиот ден на млади се одвиваат под мотото „Мисионерска седмица“.

На новинарско прашање за тоа што се очекува во тие денови на средбата со младите, кардинал Рилко одговори: Во своите први месеци од понтификатот папата Фрањо покажа дека младите му се посебно важни и Папата лесно влегува во разговор со нив. Сигурно дека ова е посебна можност да се посее семето на Евангелието и на младите да им се понуди вистинска помош да се сртенат со Христос, кој е единствената надеж, Христос некој не изневерува. И големата статуа на Христос Спасител е видлив знак дека Исус ги очекува младите да ги прегрне и прифати, за да ги поттикне на големи нешта, бидејќи младите не се задоволуваат со просечност, како што тоа го истакна во повеќе прилики папата Фрањо. Со тоа барање ќе застане и пред денешните млади за да ги прати во светот: Одете и направете ги сите народи мои ученици (сп. Матеј 28,19). (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<