Престани да критикуваш и немој да манипулираш
Една важна работа која не смееш да ја заборавиш е да престанеш да го критикуваш и да почнеш да го величиш својот партнер. Секако, тоа се однесува еднакво како на жените така и на мажите. Немој да се обидуваш да го променуваш или контролираш. Можеш да му всадиш одредени идеи во поглед на тоа што ти сакаш, но ако тој веднаш не се промени, немој да започнеш да манипулираш. Само биди трпелив и одлучи со што можеш да се помириш, а со што не.
Кога една млада жена дојде кај мене, во нејзиниот брак и беше грозно. Беше јасно дека тој прави нешто неисправно, а таа поради тоа постојано се потресува. Ја прашав дали постои нешто добро што тој го прави. „Секако“, ми рече. „Дали сте му заблагодариле за тие работи?“ ја прашав. „Не сум“, ми призна. И реков да се врати дома и да направи список на работи за кои му е благодарна. И предложив дека треба да му заблагодари за барем една или две работи, секој ден. Го направи тоа и наскоро ми се јави да ми каже дека ситуацијата се променила.
Манипулирањето е уште една напаст. Една жена се обидела да го наговори својот маж да се приклучи на нејзината црква. Постојано се обидувала, деноноќно, но тој одолевал. Па тогаш направила таен план со своите пријатели од црквата. Тие требало да се појават за време на вечерата, со надеж дека тој ќе ги повика да останат на вечера. Со себе понеле и книги, аудио и видео материјали. Пристигнале во право време и тој ги повикал да останат на вечера. Се течело според планот. После вечерата неговата жена рекла: „Зар нема да е убаво ако овие двајца господа објаснат малку за нашата црква.“ Мажот се нашол во „небрано“. Од пристојност се согласил, но додека тие ги подготвувале материјалите за презентација, тој се извинил и отишол во бањата. Се искачил преку прозорот, изглегол надвор и исчезнал. Таа ноќ не се вратил дома, а ни следниот ден. Жената била избезумена, замолила некои луѓе од нејзината црква да го пронајдат. Го пронашле после три дена барање. Немал никакви намери да се врати назад, но заради нивните благи зборови и ветувањето на неговата жена дека никогаш нема да ја спомне нејзината вера, се вратил. Таа го одржала своето ветување. Сопругот станал пријател со еден од мажите кои го пронајдоа. Му рекол дека сака да слуша повеќе за црквата, но не сака тоа да биде од неговата жена. Така тој почнал потајно да ја проучува верата и се придружил на црквата. Една недела службеникот објавил дека во заедницата примаат нов член и во тој момент внатре влегол нејзиниот сопруг. Жената плачела од радост. Поуката од ова приказна е: ако сакаш твојот маж да направи голем пресврт во нешто, немој да му приговараш заради тоа.
Кратко откако бев ракоположен, открив дека позицијата парохиски капелан носи слични недостатоци како и позицијата сопружник. Кога нешто сакам и навистина на тоа инсистирам кај парохот, и никогаш не сум добивал. Кога го држам јазикот зад забите и чекам, сум добивал. Еднаш , откако престана да пуши, парохот ми рече: „Да кажеше барем еден збор за моето пушење, никогаш немаше да престанам.“ Си го гризнав јазикот за да се воздржам од коментари за нелогичноста на ова изјава. Со другиот парох: постоеше навистина потреба за оградување на парохиското игралиште. Проблемот беше тоа што без ограда сите фрлени топките одеа навистина далеку. Мојот претходник на колена го молел парохот за ограда, но безуспешно. Знаејќи за тоа, јас не одговорив ништо. Месец дена пред да започнат натпреварите меѓу женските спортски тимови во нашата парохија, еден верник му рече на парохот: „Оче, што мислите дали би можеле да поставиме ограда на нашето игралиште?“ Одговори: „Секако, добра идеја. Колку ќе чини тоа? Дали 30.000 ќе бидат доволно?“ Успеа. Без досадување. Оградата беше поставена.
За да бидеме добри христијани, мораме да откриеме како да постапуваме во љубовта и да се трудиме да го правиме тоа, а не она што доаѓа природно. Тоа што доаѓа природно, често е нешто што штети на врската. Вие навистина играте улога, кога правите работи кои ги спомнуваат овие автори, а тоа е улогата на Христос. Во секоја прилика треба да се запрашаме: „Што би направил Исус?“ па затоа обиди се да го направаш тоа. Иако на почетокот тоа е слично на глумење, кога во тоа ќе истрпиме, тоа станува навика (доблеста е добра навика), и тогаш за тоа повеќе не треба да размислуваме. Тоа станува дел од нашата природа. Тогаш тие работи ги правиме природно, но тие се всушност натприродни.
Луѓето можат да се променуваат, но не со наметнување и манипулација. Тоа што го рековме за мажите, важи и за жените. Пофалбите треба да ги искажуваш многу почесто од критиките. Повремено обидете се да ги преброите пофалбите и критиките кои ги изрекувате за да констатирате дали пофалбите кои излегува од твојата уста далеку ги надминува критиките. Почитувај го својот партнер и не заборавај на молитвата, никогаш.
Преземено од: битно нет/И.Д.