Првенство во фудбал за свештеници и богослови во Ватикан

Првенство во фудбал за свештеници и богослови во Ватикан

Настапува и поранешниот бразилски фудбалер Карлос Гомес кој го напушта фудбалот за да стане свештеник.

Во Ватикан на 4 март 2017 година започна Свештеничкиот куп каде што во текот на три месеци ќе се натпреваруваат осумнаесет тимови од свештеници и богослови од Рим.

Помеѓу 372 члена се наоѓа и поранешниот бразилски голман Карлос Гомез. Неговата животна приказна е единствена. После станувањето на професионален фудбалер, поради проблеми со срцето морал на одредено време да се повлече од фудбалот. На тој одмор донел одлука која му го променила животот.

– Не можев да играм и тоа многу ме болеше. Во тие моменти на болка во Исуса ја пронајдов силата која тогаш ми беше потребна и пријателството со Него ме поттикна да донесам одлука да станам свештеник – рекол Карлос.

Тоа била одлука која ги шокирала неговите соиграчи и неговото семејство.

– Тие беа многу изненадени. Ништо не очекуваа, бидејќи во тоа време пред мене беше ветувачка фудбалска иднина (кариера). И самиот бев изненаден, но кога Исус те повикува не можеш ништо друго да кажеш освен да врвиш по Него – истакнал Гомез.

Во последното финалето на Свештеничкиот купот играа Италија и Бразил, а победата ја однесе италијанскиот тим. Сѐ до 27 мај нема да добиеме фудбалски првак. Папата Фрањо одблиску ќе ги набљудува резултатите затоа, како што честопати истакнува, фудбалот е неговиот најомилен спорт.

Лаудато/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот