Своето страдање го претворила во успешно медиумско служење на Бог

Своето страдање го претворила во успешно медиумско служење на Бог

Наскоро блажена Гаетана Толомео попозната по прекарот Нучија која заболела од прогрсивна парализа која ги унакажала екстремитетите во раното детство. Во животот немала многу прилики, но со силата на Светиот Дух им помогнала на сите кои се нашле во неволја или им требало пријателски совет. Нејзините емисии на Радио Марија биле исклучително популарни

Гаетана Толомео е родена во Катанзар во италијанската провинција Калабрија на Велики Петок 10 април 1936 година. Крстена е на 12 јули 1936 година во парохиската црква Пресвета Богородица од Бројаницата. Тој пророчки знак го пренесува порталот Алетеија затоа што малата Гаетана уште во раната младост го посветила својот живот на молитва и цело време до смртта ја држала Бројаницата во рацете. Прекарот и бил Нучија.

Сите копнееле за мудроста на жената со инвалидитет која завршила четврто одделение основно училиште. Нучија во раното детство заболела од прогресивна парализа која сметала на растот и ѝ предизвикала инвалидитет. Родители ја однеле на локалните лекари, но не можеле да и помогнат. Иднината на 8 годишната Нучија чие здравје од ден на ден се влошувало не била светла. Без соодветна помош во непосредна близина, Нучија е испратена кај својата тетка во Цуне каде требало да добие медицинска помош. Но дури, ниту тамошните лекари не можеле да и помогнат и набргу се враќа дома. Како што времето поминувало, нејзината состојба се влошувала и набргу останала прикована за столот и креветот. Цело време се потпирала на силата на Светиот Дух. Ја прифаќала својата болест и страдање која ја следела како начин и обид за да ги допре оние кои живееле грешно. Набргу започнале да ја посетуваат поклоници и да ја прашуваат за совет. Меѓу нив биле свештеници, монаси и лаици – сите копнееле за мудроста на жената со инвалидитет која завршила четврто одделение основно училиште. И тие го чувствувале присуството на Светиот Дух кога и се приближувале.

Мисијата на радио

Нучија во 1994 година започнува со гостување во локалната радио станица Радио Марија. Нејзината првична цел била да се рашири евангелската порака на сите кои трпат со кои лесно можела да се поистовети – со зависниците од дрога, со оние во потреба, посебно со сиромашните семејства. Нејзината емисија станала исклучително популарна. Исто така учествувала во емисијата „Il Fratello“ во која се јавувале слушатели со своите проблеми. Нучија, која длабоко го почитувала свети падре Пио одговарала на нивните прашања и ги советувала. Умира на 24 јануари 1997 година на возраст од 60 години. Следното утро илјадници слушатели на Радио Марија дознале за смртта на Гаетана Толомео Нучија. Темата на емисијата била тагата заради нејзината загуба и радост заради нејзиниот живот.

(…)

На Гаетана Толомео херојските крепости и се признаени на 6 април 2019 година, а со признавањето на чудата кои се препишуваат на нејзиното застапништво наскоро ќе биде прогласена за блажена.

ХКР/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот