На 12 април 2018 година, папата Фрањо ги отвори подготвителните средби за Синодата за Амазонија која ќе се одржи во октомври 2019 година, на тема „Амазонија: Нови патишта за Црквата и за целосната екологија.“
Осумнаесетте членови на Синодалниот совет и 13 експерти за подрачјето на Амазонија учествуваат на тој состанок.
Кардиналот Лоренцо Балдисери, главен секретар на Епископската синода на средбата, Амазонија ја опиша како градина кој поседува неизмерно богатство и природни ресурси, како мајка земја на домородното население, со своја историја и лик. Но, Амазонија ја загрозува безграничната амбиција и нестрпеливоста на моќниците да господарат.
Единствен претставник на домородните народи на спомнатиот состанок беше отец Јустино Резенде од племето Тујух, а во својот говор ја истакна посебната радост заради Црковната близина на амазонските народи. „Ние домородните народи евангелизирани и евангелизатори, ќе придонесеме исто така за збогатување на Црквата – рече отец Резенде
РВ/к.мк