Празник на Божјото Милосрдие

Празник на Божјото Милосрдие

Црквата во Неделата после Воскресението го слави празникот на Божјoто Милосрдие. Овој празник го завзема најважното место од сите форми од побожностите на Божјoто Милосрдие кои ѝ биле откриени на Света Фаустина. За прв пат Исус ѝ зборуваше за основањето на овој празник во Плок во 1931 година, кога ѝ ја пренел Неговата волја околу иконата на Божјoто Милосрдие: „Посакувам да постои еден празник и на Милосрдието. Сакам иконата, која ќе ја насликаш со четка, свечено да биде благословена во првата недела после Велигден; оваа недела треба да биде празник на Милосрдието (Дневник, 49).

Изборот за празникот на Милосрдието да биде првата недела после Велигден има едно свое длабоко теолошко значење, кое укажува на една тесна врска помеѓу велигденското таинство на Воскресението и таинството на Божјoто Милосрдие. Оваа врска е дополнително нагласена од Деветницата на Божјoто Милосрдие, кое му претходи на празникот и започнува на Велики Петок.

Празникот не е само еден ден на посебно обожување на Бога во таинството на милосрдието, туку исто така е и време на милост за сите луѓе. „Посакувам – рече Исус – празникот на милосрдието да биде засолниште и прибежиште за сите души и особено за сиромашните грешници“ (Дневник, 669). „Душите гинат и покрај Моето горчливо Страдание. Им ја давам последната надеж на спасението, т.е. празникот на Моето Милосрдие. Ако не го чествуваат Моето Милосрдие, ќе загинат засекогаш“ (Дневник, 965; сп. 998).

Важноста на овој празник се мери со вонредните ветувања кои Исус ги поврза со него. „Кој во овој ден ќе се приближи до Изворот на Животот – рече Исус – ќе добио целосен опрост за гревовите и за казните“ (Дневник, 300). „Во овој ден отворена е утробата на Моето милосрдие, ќе излеам цело море на милости врз душите кои ќе се доближат до изворот на Моето милосрдие (…) Ниедна душа да не се плаши да се доближи до Мене, иако неговите гревови би биле како вцрвени“ (Дневник, 699).

За да се добијат овие големи дарови треба да се исполнат условите за посветеноста на Божјoто Милосрдие (доверба во добрината Божја и активна добротворна љубов кон ближниот) и да се биде во благодатна состојба (после светата Исповед) и достоинствено да се прими светата Евхаристија.

„Ниедна душа нема да најде оправдување сѐ додека не се обрати со доверба кон Моето милосрдие и затоа првата недела после Велигден треба да биде празник на Милосрдието а свештениците треба да им зборуваат на душите за Моето големо и неизмерно Милосрдие“ (Дневник, 570).

Santorosario/З.А.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот