По повеќе од 200 години отворен Исусовиот гроб

По повеќе од 200 години отворен Исусовиот гроб

Пред неколку месец е започната обнова на оштетениот Исусов гроб. Обновата ја финансираат трите главни христијански деноминации кои управуваат со базиликата на Светиот гроб (католици, православни, ерменските христијани), пренесуваат медиумите.

Христовиот гроб веќе неколку децении од распаѓање го заштитува метална структура. Таа ги држи заедно мермерните блокови кои ги нагризале временските неприлики и влијанието на илјадниците поклоници и туристи.

Мермерната плоча која го покрива гробот е преместена на три дена заради обнова и археолошки анализи. Ова е прв пат мермерната плоча да се премести од најмалку 1810 година кога се спроведени последните конзерваторски работи заради пожарот во базиликата, а можеби и порано рече отец Самуил Агхојан од Ерменската црква, една од конфесиите која управува со базиликата.

За обновата се задолжени грчки експерти, а целиот процес за потребите на документарниот филм го снима National Geographic. „Отварањето на гробот ќе им овозможи на експертите единствена можност да ја испитаат оригиналната подлога за најсветото место на христијанството“, објави оваа медиумска куќа.

Само исклучително кревки или скршени делови ќе бидат заменети. Мермерната плоча ќе биде исчистена и конзервирана, а структурата која ја подржува ќе се зацврсти.

Обновата би требало да заврши пролетта идната година.

Битно.нет/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот