По повеќе од четири години Лурд ги отвора бањите

По повеќе од четири години Лурд ги отвора бањите

Пет од вкупно 18 ходочеснички базени за капење во изворска вода треба повторно да се користат од средината на август

Светилиштето Лурд повторно ги отвора своите бањи откако беше затворено повеќе од четири години. До базените не можеше да се пристапи од март 2020 година поради пандемијата на коронавирус, а после тоа беа реновирани.

Пет од вкупно 18 ходочеснички базени за капење во изворската вода би требало повторно да се користат од средината на август, објави францускиот весник „Ла Кроа“, повикувајќи се на Управата за ходочестие.

Сè уште нема да може сите да се капат, но се надеваме дека ќе можеме да овозможиме 2.000 капење дневно“, рече о. Себастиен Антони, директор на француското национално ходочесие во Лурд.

По повод 151-то Национално ходочестие на Французите на познатото маријанско место од 12 до 16 август, дел од базените за ходочестие повторно ќе бидат достапни. Се очекува на ходочестието да учествуваат околу 7.000 верници.

Според новинарско известување, се работело на системот за циркулација и уредот за прочитување на водата пред претстојното повторно отворање. Откако бањите беа затворени поради пандемијата на коронавирус, потопувањето во водата во Лурд беше заменето со таканаречениот „воден гест“, кој се состои од миење на лицето и рацете со вода и пиење од изворот во Лурд.

Во познатото француско светилиште, кое е едно од најпосетуваните во светот, забележани и документирани се бројни чудотворни исцеленија. Сведоштвата зборуваат за илјадници, од кои Црквата досега официјално признала 70 од нив.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот