Папата Фрањо уште еднаш поттикна на молитва за Украина

Папата Фрањо уште еднаш поттикна на молитва за Украина

На Генералната ауидиенција, по катехезата, Папата повторно ги насочи мислите кон напатената Украина, истакнувајќи дека утрово го слушнал драматичниот извештај на Папскиот милостинар.

Поздравувајќи ги верниците од италијанското гогворно подрачје, по катехезата на Генералната аудиенција вос реда 28 септември 2022 година, папата Фрањо повторно ги спомена длабоките рани на украинскиот народ. И една мисла за напатената Украина, која толку многу страда, за тој сиромашен, толку сурово искушуван народ. Утрово имав можност да разговарам со кардиналот Крајевски, кој се врати од Украина, и тој ми кажа ужасни работи. Да мислиме на Украина и да се молиме за тој напатен народ – повика Папата.

Кардинал на мисија борбената линија

Кардиналот Конрад Крајевски, префект на Дикастеријата за делење милосрдие кого Папата неколку пати го испрати во Украина, беше нападнат со огнено оружје за време на неговата последна мисија на бојното поле, на 17 септември, но за среќа без никакви последици. Папскиот делител на милостина продолжи да носи помош, храна, бројаници и благослов од папата Фрањо, за никој да не се чувствува сам. Во последните денови, кардиналот отиде и во Изум, каде што се помоли над бројни тела закопани во масовни гробници.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот