Почина Андреоти – човек со вера

Рим, 7.5.2013 /к.мк/ – Највлијателниот италијански политичар во повоениот период, Џулио Андреоти почина во понедлник 6 мај, на 94 годишна возраст. Андреоти беше католик, кој ја живееше својата вера. Седум пати беше премиер на Италија, а многу италијанци го сметаа за близок пријател на Ватикан, некој дури и го нарекуваа „министер за надворешни работи“ на Ватикан. Во телеграмата од Ватикан која е испратена во понеделник вечерта, се вели дека тој бил: вреден службеник на институциите, човек со вера и верен син на Црквата, кој што имаше богат и плоден живот. Телеграмата е потпишана од Државниот секретар Тарчизио Бертоне.

Во политичките превирањата во Италија во 90-те години кога против Андреоти се водеа повеќе судски процеси, Ватикан секогаш стоеше зад него. Сите обвинувања против него завршија со ослободителни пресуди. „Тој никогаш не ја криеше својата вера, и секогаш ја внесуваше во неговото политичко дејствување. Мудроста и хуморот на починатиот секогаш го импресионирале, изјави кардинал Камило Руини за Радио Ватикан. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<