Кастел Гандолфо, светилиштето на Мадона дел Туфо во местото Рока ди Папа, бискупската курија во Фраскатиј – се местата кои, на покана на епископот Рафаел Мартинелиј, на 25 јули попладне ги обиколи папата Јозеф Ратцингер.
Папата Ратцингер најпрво отиде во Кастел Гандолфо, каде во прошетка и молитва бројаница, се задржа во градините на Папската летна резиденција. Потоа се помоли во светилиштето Мадона дел Туфо, па појде во бискупската курија во Фраскатиј, која ја разгледа, па се задржа на вечера со месниот епископ монс. Рафаел Мартинелиј. Така почесниот папа Бенедикт XVI го помина попладнето во четвртокот на 25 јули, напуштајќи ја на неколку часа својата резиденција во Ватикан, во манастирот Матер Еклесија, за да ги посети местата во кои со години го поминуваше летниот одмор. Во негова придружба беа надбискупот Георг Генсвајн, префект на Папскиот дом.
Тоа, одговарајќи на прашања на новинарите, на 26 јули претпладне го рече директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, напоменувајќи дека почесниот Папа ги посети тие места на покана на епископот Мартинелиј и дека во 22 часот и 30 минути се врати во манастирот Матер Еклесија.
Ватикан њуз/к.мк