Одговорност за општото добро, за прифаќањето, заштитата, промовирањето и интегрирањето на мигрантите.
Во светло на двете годишнини, 100 години од завршувањето на Првата светска војна и седумдесет од потпишувањето на Универзалната декларација на Обединетите нации за човековите права, папата Фрањо на 13 декември 2018 година во Ватикан се обрати на нерезидентните амбасадори, истакнувајќи ја бескорисноста на војната и потребата за промовирање и интегрирање на оние кои чукаат на нашата врата во потрага по сигурна иднина за себе и за своите деца.
Поуките извлечени од двете војни во XX век кои доведоа до основање на Организацијата на обединетите нации, и понатаму да продолжат да ги уверуваат народите во светот и нивните водачи во бескорисноста на вооружените конфликти и во потребата за решавањето на споровите по пат на дијалог и преговори – рече Папата. Во реалноста обележана со длабоки општествени и политички промени не смее да изостане ангажираноста на владите и народите за да се утврди дека признанието на достоинството на сите членови на човечкото семејство и неговите еднакви и неотуѓиви права, го прават темелот на слободата, правдата и мирот во светот – рече Папата цитирајќи ја преамбулата на Универзалната декларација за човекови права.
Важно е почитувањето на човечкото достоинство и човековите права да го вдахнува и води секој напор во решавањето на тешките воени и вооружени конфликти, сиромаштвото кое оптоварува, дискриминацијата и неднаквостите кои го погодуваат нашиот свет, а кои последните години придонесоа за сегашната криза на масовна миграција. Ниту едно делотворно хуманитарно решение за тие проблеми кои оптоваруваат не може да ја занемари нашата морална одговорност, со должно внимание за општото добро, за прифаќањето, заштитата, промовирањето и интегрирањето на оние кои чукаат на нашата врата во потрага по сигурна иднина за себе и за своите деца – заврши Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк