Потенцијалот на давањето десеток

Како би изгледал светот кога христијаните би издвојувале десеток од своите примања за потребите на Црквата?

Американците се потрудиле и пресметале дека кога само американските верници би давале 10 отсто од своите примања на Црквата тогаш таа би имала на располагање уште дополнителни 165 милијарди долари за својата каритативна работа, а тоа би можеле да има огромно влијание во светот во кој живееме. Еве само неколку проекти кои би можеле да се покренат со вакви средства:

–          Со 25 милијарди долари би можел да се реши гладот во светот во рок од 15 години

– Со 12 милијарди долари за пет години би можела да се елиминира неписменоста

– Со 15 милијарди би се решил проблемот со недостаток на вода за пиење и канализација во деловите на светот каде една милијарда луѓе живее со примања помали од еден долар дневно

– Една милијарда би ги финансирала сите моментални мисионерски делувања

– Би останале преку 100 милијарди долари годишно за понатамошна евангелизација и потреби на Црквата.

Овие бројки звучат импресивно, меѓутоа всушност се само едно мал дел на потенцијалот на давање на десеток. Да ја оставиме настрана очигледната забелешка како на пример дали за 25 милијарди долари (или било кој износ) навистина би бил решен проблемот со гладот во светот. Поентата е во тоа што во давањето на десеток не се работи само за материјално собирање на средства, туку последиците се многу пошироки. Давањето на десеток, за разлика од плаќањето на данок, доаѓа од срце па затоа и последиците и потенцијалот на вакво давање се немерливи ако користиме обичен сметководствен стандард.

Во Книгата Изреки пишува: „Давај Му принос на Господ од имотот твој и од првините на плодовите од твоите придобивки, и твоите житници ќе се исполнат до врвот, а твоите каци ќе се прелеваат од вино“.

Во прв ред десеток се дава во чест на Господ, т.е. за потребите на свештениците и за достојно извршување на богослужбите, и тоа не – како што би рекле некои злобници денес, за да се ’плаќаат литургиите’ туку за да се растеретат свештениците од финансиски грижи. Поточно, за да би можеле својата служба достојно и потполно да ја извршуваат. Ако се сетиме дека свештениците денеска ни се како службеници со канцеларии и мноштво на сметки и уплатници ќе ви биде појасно. Да не зборувам за тоа дека за тие потреби воделе грижа ѓаконите, токму затоа за да би им се овозможило на свештениците пред сè непречено делење на Светите Тајни и душогрижништво.

Меѓутоа тоа е сепак некоја друга тема – да се вратиме на десетокот за сиромашни.

За жал наместо давање за каритативни цели денес имаме систем на присилно плаќање на данок па политичарите ни одлучуваат колку самите ќе земат и кому ќе дадат. И самото дарување полека станува изгубена навика, дури и меѓу верниците. А така се губи и Милоста која се добива со дарувањето. Дарувањето може да значи многу за примателот, меѓутоа таа има голема духовна димензија и за дарувателот, кого ниеден даночен систем не може да го замени. Кога и зошто сме дозволиле дарувањето од љубов да се замени со плаќање на данок е прашање кое уште чека одговор, а тоа можеби би било решение за многуте проблеми од кои општеството моментално страда.

Кво Вадис Хрватска/С.С.

465

Категорија: Колумни, Свет

За авторот