Посвоил над 100 деца кои требало да бидат абортирани

Прекрасна приказна за човек кој спасува деца, кои требало да бидат убиени во утробите на своите мајки

Многу потполно неважни луѓе имаат можност да бидат на насловните страници на светските медиуми. Нивните животи, празнина, разводи, сето тоа е поважно од она што некој спасува деца кои требало да бидат абортирани и тоа го прави на свој чудесен начин. Неговото патешествие започнало 2001 година во Виетнам кога неговата сопруга била бремена. Таму видел лешови абортирани бебиња, кои лежеле во масовна гробница. Нивните животи биле земени пред да можат да го земат првиот здив на својот прв ден. Таа слика потполно го погодила. Одлучил  нешто да направи за тие деца. Си мислел дека ако и не може да ги спаси, барем може и мора да им го врати достоинството. Така започнало.

Барал од болниците да му ги дадат децата

За почеток барал од болниците да му ги дадат абротираните деца за да може достоинствено да ги погреби. Тие прифатиле, а тој не запрел таму. Купил земја на планината Хон Том и како поранешен градежен работник, искористувајќи ги своите способности, направил гробници и започнал да ги погребува бебињата. Од тогаш има погребено над 10 илјади бебиња. Тој никогаш не сакал гробиштата да станат место за тага, туку место за надеж и живот – место за борба. Исто така, неговата цел не била само да ги погребува децата, туку и да ги спасува, а неговата желба се исполнила.

Имено, наскоро Тонг станал познат во својот град. Многу мајки кои абортирале започнале да доаѓат на гробиштата и да молат за своите деца. Многу мајки на тие гробишта се преобратиле и одлучиле да родат, а голем број жени кои сакале да абортираат доѓале кај него за помош. Наскоро започнал да посвојува деца кои требало да бидат абортирани.

Но не станува збор за неколку деца. Досега Тонг има посвоено над сто деца и отвори сиропиталиште. Како што тој вели, не се чувствува како нивен хранител туку како татко, тоа се негови бебиња, иако станува збор за голем, скоро невозможен потфат за кој е потребно многу труд и откажувања. Тонг истакнува дека никогаш не посакал нешто да биде поинаку.

Многу сум среќен. Овие деца никогаш не би го почувствувале животот ако не ги спасевме. Секој човек заслужува да живее достоинствен живот и сум сигурен дека до последниот здив ќе бидам со нив – со сите нив, тие ми се деца дадени од Бог – вели Тонг, кој жителите на неговиот град го сметаат за прекрасен татко на сите стотина деца.

Тонг вели дека некои мајки кои му ги оставиле децата, се враќаат по нив после некое време благодарејќи му за животот кој тој им го овозможил. Исто така е тажен поради тоа што се убиваат деца во утробата на своите мајки и тоа во милионски бројки, што всушност претставува геноцид на една цела генерација. Поради тоа ги повикува луѓето да не ги затвораат очите пред животот, кој никој нема право да го одзема, и да започнат со мали чекори да прават нешто за животот – за човекот. Доволно е една мајка да освестите за вистината и веќе сте спасиле еден живот – вели Тонг. За неговиот чудесен подвиг никој не зборува, додека истовремено сите зборуваат и застапуваат убиство на деца пред да се родат. Затоа ширете ја оваа приказна и молете за ЖИВОТ!

дневно/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот