Порака на почесниот папа Бенедикт XVI до студентите од Папскиот универзитет Урбанијана

Почесниот папа Бенедикт XVI упати порака до студентите на Папскиот универзитет Урбанијана во која вели дека меѓурелигискиот дијалог не може да ја замени мисијата. Пораката ја прочита личниот секретар на почесниот папа Бенедикт, архиепископот Георг Генсвајн, на 21 октомври, по повод церемонијата за посветување на реновираната главна сала за предавања во чест на почесниот Папа.

„Воскреснатиот Господ ги прати своите апостоли, а преку нив, своите ученици од сите времиња, да го шираат неговото Слово до крајот на земјата и сите народи да ги направат негови ученици“ – пишува почесниот Папа. „Меѓутоа, тоа дали сѐ уште се применува?“ односно, „Дали дијалогот може да ја замени мисијата?“ – праша папата Бенедикт. „Многумина денес сметат како религиите треба да се почитуваат и преку нивниот дијалог, да станат заедничка сила за мир. Според овој начин на размислување, обично се зема здраво за готово дека различните религии всушност имаат една иста реалност“ – истакна почесниот Папа.

„Прашањето за вистината, која што повеќе од било што првенствено ги беше мотивирало христијаните, сега е ставено во загради. Се претпоставува дека авентичната вистина за Бога, од најновите анализи е недостапна и дека најдобро е да се осврнеме на нешто кому ќе може да се надеваме, претставувајќи си мноштво безвредни симболи. Ова одрекување од вистината го прави реално и корисно за мир меѓу светските религии.“

„Тоа е, сепак, сериозен удар за верата. Всушност, верата го губи своето обврзувачко значење и сериозност, сѐ се сведува на симболите кои меѓусебно се менуваат, кои од далеку укажуваат на недостапната божествена тајна“ – напиша почесниот Папа, додавајќи како некои религии „очекуваат средба со Исус Христос“, средба која е реципрочна затоа што, Христос ја чека нивната историја, мудрост и поглед на реалноста.“ „Го навестуваме Исус Христос не за да би придобиеле повеќе членови во нашите заедници, уште помалку да би добиеле моќ“ – рече почесниот Папа, завршувјќи: „Ние зборуваме за Него затоа што се чувствуваме должни да ја пренесуваме радоста која ни е дарувана.“

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот