Порака на Папата по повод 450 годишнината од основањето на Рио де Жанеиро

Светлината на Христос Спасителот нека ги просветли срцата на сите жители на Бразил – стои во честитката на папата Фрањо во видео пораката до граѓаните на Рио де Жанеиро, по повод 450 годишнината од основањето на градот, кој е „полн со светлина и сенки“, но во кој, нагласи Папата, пребива Бог и бара од сите да се посветат во отсранувањето на неправдата и насилството.

Со раширени, а не со скрстени раце Рио де Женеиро ќе се спаси од злото кој живее во него и ќе засјае светлината на верата која, според зборовите на Папата, од основањето на градот не престанала да постои. Папата Фрањо потсети на желбата на блажениот Павле VI, свелината на Христос Спасителот „која го осветлува Рио де Жанеиро да се прошири низ целата Бразилска земја“.

„Да може да се ставиме од гледна точка на Христос Спасителот, кој од врвот на планината Корковадо доминира градската географија, што би имале на видик?“, праша Папата. „Без сомнение, на прво место би била природната убавина која го оправдува името ‘чудесен град’. Сеедно, не може да се негира дека од врвот на Корковадо би ја приметиле и противречноста која ја нарушува таа убавина,“

Би се забележале големи општествени нееднаквости: богатство и сиромаштво, неправда, насилство; погледот би паднал на „невидливите градови“, односно на различните групи кои се чини дека постојат во различни градови, за кои не е секогаш лесен соживотот во мултикултурната и сложена реалност. Сепак не треба да се губи надежта, поттикна папата Фрањо – бидејќи „Бог живее во градот.“

Христос Спасителот не е рамнодушен на потребите и на маките на жителите од оваа земја; неговите отворени раце нас нѐ повикуваат да ја надминеме постоечката поделба и да изградиме град обединет во слога, правда и мир – рече Светиот Отец. Како ќе се оствари тоа? Не може да имаме скрстени раце, туку отворени; помеѓу егоистичната рамнодушност и насилните протести секогаш треба да ја избереме третата можност која нѝ е на располаѓање за конструктивен дијалог.

Без оглед на нивото на сопственото образование или богатство – заклучи папата Фрањо – секој може на некој начин да придонесе за градење на праведно и братско општество. За да би се постигнало тоа – поттикна на крајот – погледнете ги наједноставните луѓе. Сите можат да научат од нивниот пример на великодушност и солидарност.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот