Полските епископи: Верата е вкоренета во полскиот народ

За очекувањата од посетата на папата Фрањо на Полска која се одвива во знакот на младите и милосрдието новинар на Радио Ватикан разговараше со гласноговорникот на Полската епископска конференција о. Павел Рител Андријаник.

Верата е длабоко вкоренета во полскиот народ; 92% од Полјаците се признаваат за католици, 40% секоја недела одат на света Литургија. Во Полска има 153 епископи, 30 илјади свештеници и повеќе од 20 илјади чесни сестри. Црквата во Полска се подготвува да го прифати папата Фрањо, третиот Папа кој ја посетува државата во Источна Европа.

Претседателот на Полската епископска конференција надбискуп Станислав Гадецки рече дека секој папа во Полска се прима со почит и љубезност дека христијаните се обраќаат на Петровиот наследник. Сакам да му се заблагодарам на папата Фрањо затоа што ја избра Полска, градот Краков во Годината на милосрдието да го живее Јубилејот на младите од целиот свет од каде што тргна пораката на Милосрдието поврзано со виденијата на чесната сестра Фаустина Ковалска – истакна о. Павел Рител Андријаник.

На прашање со каква реалност во Полска ќе се сретнат младите рече дека сите кога ќе дојдат во Полска во прв ред ќе се сретнат со Црквата. Црквата е вкоренета во народот. Црквата и во текот на комунизмот секогаш била со народот, а голем број на свештеници се прогонети, некои дури починале со маченичка смрт на пример отец Попиушко – истакна гласноговорникот додавајќи:

Освен тоа Црквата во Полска секогаш била папска во смисла секогаш погледот го насочувала во Рим и во папата, со папата секогаш имала многу цврста врска. Тоа ни помогнало да издржиме во тешките моменти: кога земјата за време на комунизмот била поделена помеѓу Русија, Австрија и Германија. Врската со Еврејскиот народ исто така е наша каракатеристика. Евреите во Втората светска војна во Полска го нашле својот дом кога нацистите им ги срушиле куќите во Полска – рече гласноговорникот и додаде:

Во текот на Втората светска војна речиси 100 полски свештеници го ризикувале животот спасувајќи Евреи од нацистички логори. Во таа смисла посетата на папата Фрањо на Аушвиц ќе има посебна симболична вредност и ќе го чува споменот на еврејскиот и на другите народи кои се убиени во тој концентрационен логор – рече гласноговорникот.

На прашање кои плодови младите и Полјаците ќе ги донесат на Светскиот ден на млади рече дека свети Иван Павле II токму во Краков кажа дека сестра Фаустина Ковалска зборувала за искрата која од Полска оди во целиот свет. „Народот пак се прашува: Што би можела пак да биде таа искра која поаѓа од Краков главниот град на Милосрдието и оди во светот?“ Можеби Светиот Отец ќе ја запали таа искра на милосрдието која во текот на Светскиот ден на младите од Краков ќе тргне во светот затоа што папата Фрањо од првиот момент, од првиот ден од понтификатот е папа на милосрдието, тоа сите го знаеме – рече отец Андријаник.

Народот и младите со себе ќе го понесат тоа што е напишано под сликата на Божјото милосрдие што самиот Исус го сакал: „Исусе ти се доверувам.“ Празникот на верата, но и довербата во милосрдниот Исус ќе биде – можеме да кажеме – протагонисти на единствениот Светски ден на млади затоа што Папата на милосрдието доаѓа во главниот град на милосрдието, местото каде што милосрдниот Исус се укажа на чесната сестра Фаустина Ковалска. Тој во прв ред со себе ги доведува младите овде да сфатат што е Милосрдие – заврши отец Павел Рител Андријаник.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Uncategorized, Свет

За авторот