Повеќе од 800 катехези на Светскиот ден на младите

Бразилија, 13.07.2013 /к.мк/ – Стотици илјади млади католици од 23 до 28 јули ќе учествуваат на Светскиот ден на младите во Рио де Жaнеиро.

На програмата на средбата редовно има и катехези кои ќе се одржуваат од 24 до 26 јули. Како што пренесува американската католичка агенција ЦНС, од Ватикан се потврдени 267 службени места на кои ќе се одржуваат повеќе од 800 катехези, на 20 јазици. Целта на катехезите е размислување и продлабочување на мотото на Светскиот ден на младите: „Одете и направете ги мои ученици сите народи“, се наведува на службената интернет страница на Светскиот ден на младите. Катехетските средби ќе се одржуваат во Рио и во соседните бискупии, почнувајќи од 9.00 часот, со појадок и утринска молитва, а секој ден ќе ги организираат различни групи на поклоници.

Дневното катехизирање е тематски обележано. Така, на 24 јули, бискупите и кардиналите ќе зборуваат за надежта и Божјата близина, на 25 јули централна тема ќе биде следењето на Исус на начин на кои го следеле неговите ученици, а на 26 јули темата е мисионерското послание. На истата тема е посветена и целата програма на Светскиот ден на младите, а вовед во катехезите даваат учесниците на средбата.

Најголемиот број на катехези ќе се одржуваат на португалски јазик, а потоа следат шпанскиот, англискиот, италијанскиот и францускиот јазик. Од вкупно 20 јазици, помеѓу останатите ќе се катехизира и на хрватски, арапски, руски, грчки, словенечки и дански.

Најголем број млади ќе се бидат присутни на катехезите на португалски кои ќе се одржуваат во саемската сала на комплексот „Риочентро“ во градската населба Тијуца, како и во катедралата Свети Севастијан во средиштето на градот Рио де Женеиро. На тие локации се очекуваат по 5000 млади поклоненици. (Превод:Е.А.)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<