На 11 јуни 2018 година во парохијата „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци се одржа месечна духовна обнова за свештениците од Струмичко- скопската епархија. На духовната обнова присуствуваше и монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх Струмичко – скопски.
На средбата духовно предавање одржа о. Спасо Ристов, парох во Нова Маала и Чанаклија на тема: Марија нѐ води до Исус.
Духовната обнова продолжи со света Исповед и света Литургија, која ја предводеше епископот Стојанов, а заврши со заедништво во парохиската сала.