Кардинал Паролин: Водството на жените произлегува од инклузивното и квалитетно образование

Кардинал Паролин: Водството на жените произлегува од инклузивното и квалитетно образование

Државниот секретар зборуваше на дводневната конференција во Париз, во организација на Меѓународен каритас на тема женското водство: Државите треба да имаат храброст за вложување во паритетно образование во однос на правата кои сѐ уште премногу често се кршат.

Прво што папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин побара од меѓународните влади е да покажат реална намера, „храброст“, да ги разбранат често мирните води кога се зборува за состојбата на жената. Нивното водство во подрачјата на граѓанскиот живот може да произлезе само од квалитетно и инклузивно образование – истакна кардиналот зборувајќи на конференцијата која на 27 и 28 октомври се одржува во Париз, а која Меѓународен каритас ја посвети на темата за женското водство.

Кардиналот побара од државите да имаат храброст да вложуваат, со што ќе се направи пресврт во неправедниот и асиметричен однос меѓу јавните трошења за образование и средствата наменети за вооружување, како и храброст целосно да ги разгледаат слоевитите и болни ситуации во кои живеат милиони девојки и жени.

Инклузијата треба да ги поврзе сите компоненти на општеството – посочи државниот секретар – за да се обезбедат креативни и одговорни процеси на човечко созревање, погодни за достоинството на жената. Девојките кои можат да учат потешко ќе станат сопруги и мајки на возраст кога не се физички или емоционално, подготвени за тоа, со сите физички и социјални последици од таа предвременост. Ова е првиот аспект на „инклузивното образование“ што кардиналот Паролин го поврзува со квалитетно образование, односно оној кој одличното ниво на образование не го поврзува со општествениот углед, но е способен да пружи критичко размислување.

Жените се способни да ја разберат реалноста на единствен начин – истакна кардиналот Паролин, тие знаат како да се спротивстават на неволјите, правејќи го животот сè уште возможен дури и во екстремни ситуации и цврсто држејќи се за иднината. Тоа е придонесот што ги збогатува човечките односи и вредностите на духот, почнувајќи од секојдневните меѓучовечки односи, поради што општеството – според државниот секретар, во голема мера им е должно на жените и нивната работа, особено во областа на образованието. Не заборавајќи ја Црквата, која, признавајќи ги доцнењата и недостатоците кои исто така поттикнаа форми на женска дискриминација поради „машкиот менталитет“, денес ги гледа жените постепено вклучени во колегијалните тела и телата на Римската Курија и Црквата каде се донесуваат одлуки.

 Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот