Папата се сретна со млад човек облечен како Спајдермен

Папата се сретна со млад човек облечен како Спајдермен

Меѓу верниците кои присуствуваа на Генералната аудиенција во среда 23 јуни 2021 беше и еден млад човек облечен во костум на Спајдермен, суперхерој од познатите стрипови на Марвел

Својот идентитет на Папата му го откри самиот „суперхерој“ на лична средба. Станува збор за 28-годишен Италијанец, Матија Вилардити кој во слободното време волонтира како аниматор и ги забавува децата во болниците во костум на Спајдермен, а го придружува оркестар на Државната полиција. Деновиве, на иницијатива на Ватиканскиот инспекторат за јавна безбедност, тој ќе ги посети и детските одделенија на поликлиниката Џемели во Рим. По тој повод, приказната за благородниот млад човек ја пренесува и полуофицијалниот ватикански дневен весник L’Osservatore Romano во изданието од среда.

„Вистинските суперхерои се децата кои страдаат и нивните семејства кои се борат со многу надеж“, скромно истакнува Матија. „Се облекувам како Спајдермен за да ги насмеам лицата на децата кои се наоѓаат во болница. Го правам тоа затоа што имам вродена болест, повеќе пати бев хоспитализиран во болницата Гаслини во Џенова и многу сакав додека бев осамен во мојот болнички кревет да можев да видам како Спајдермен влегува во мојата соба преку прозорецот… “, рече „Спајдермен“ кој му донесе насмевка на лицето на Папата за време на нивната средба во дворот Свети Дамас во Апостолската палата.

Матија исто така го основа здружението „Суперероинкорсија“. „Ние сме група млади луѓе кои волонтираат и кои, облечени во „херојски“ облеки, се обидуваме да донесеме барем малку безгрижност во детските оддели“. „Овој костум првпат го облеков пред четири години, на Божиќ. Требаше да однесам комјутер во Сан Паоло ди Импери и дојдов до идеа, која може да биде забавна за децата кои поминуваат низ она што го поминав и јас самиот“, рече тој.

На Генералната аудиенција, папата Фрањо се поздрави и со една баба, придружувана од нејзниот внук, која на 95-годишна возраст успеа да го победи Ковид.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот