Папата ги поттикна новите епископи на светост

Папата ги поттикна новите епископи на светост

Новите епископи Папата ги советуваше да одат напред радосни, мирни, утешени, а не ражалостени, вознемирени и неутешени, чувајќи го срцето како јагне кое иако е опкружено со волци, знае дека ќе победи затоа што смета на помошта на пастирот.

Посебно внимание кон клерот и семинариите – тоа папата Фрањо го побара во говорот упатен до групата од околу 130 нови епископи, учесници на курсот кој овие денови беше одржан во организација на Конгрегацијата за епископи. Светиот Отец со јасни зборови ги поттикна да ги обноват постапките за избор, придружба и проценка и потсети дека светоста е токму во допирањето на Божјото тело. Затоа не треба да се срамат да го допираат телата на своите Цркви и да влегуваат во дијалог со нив, слушајќи ги нивните прашања.

Нашите одговори ќе бидат без иднина ако не стигнат до духовната бездна која неретко ја дозволиле скандалозните слабости; ако не ја откријат животната празнина која ја поддржувале; ако не откријат зошто Бог бил замолчен, зошто одредениот начин на живот го отстранил како да не постои.

Да се работи во заедништво

Секој од нас треба понизно да влезе во сопствената длабочина и да се запраша што може да направи за лицето на Црквата да го направи посвето – поттикна Папата. Не е доволно само да се вперува прстот на другите и да се создаваат жртвени јагниња, туку потребно е заедно да се работи во заедништвото. Треба да се оди напред, чувајќи го срцето како на јагне кое иако е опкружено од волците знае дека ќе победи, затоа што смета на помошта од пастирот, и да се стави во центарот Бог кој нуди живот во полнота.

Не се препуштајте на искушението на приказната за катастрофите или на пророштвата за несреќите, затоа што она што навистина е важно е да се истрае спречувајќи љубовта да олади (Матеј 24, 12) и да се држи исправена и подигната главата кон Господ (Лука 21, 28) затоа што Црквата не е наша, туку е Божја! Тој бил пред нас и ќе биде после нас! Судбината на Црквата, на малото стадо победоносно е сокриена во крстот на Синот Божји – истакна Папата.

Мисионери кои не се плашат пред раните од гревот

Затоа не треба да ја потрошите својата најдобра енергија на пресметување на неуспесите и на префрлање за повреденост, дозволувајќи да го вкочанат срцето и хоризонтите. Нека Христос биде вашата радост – рече Папата, охрабрувајќи ги епископите да го бараат одблесокот на неговата светлина на пример во семејствата каде животот се негува и храни, таму каде постои сигурноста дека простувањето ја има моќта за помирување, таму каде бројните богопосветени лица и Божји служители во тивкото посветување истрајуваат не грижејќи се заради фактот што доброто често не е гласно, не е тема на блог, ниту се појавува на првите страници – истакна Папата и додаде: Не плашете се пред раните на Христовото тело кои секогаш ги предизвикува гревот, не ретко гревот на децата на Црквата.

Допирајте го Телото Христово

Папата добро знае дека – како што рече – во нашето време се шири индивидуализмот и дека е сѐ поголема рамнодушноста кон судбината на другите; знае дека милиони мажи, жени, деца и млади се изгубени и дестабилизирани заради чувството за неприпадност. Пред нивните судбини оние кои би требало да имаат најголемата одговорност, за жал грешејќи често се повлекуваат. Епископите напротив не смеат да го занемарат Христовото Тело; тоа не ни е дозволено и неговите рани ни припаѓаат на нас – рече Папата и додаде: Наша должност е да ги допираме.

Бог не е скротлив

Светиот Отец бара од епископите да ја прифатат Црквата како свршеница која треба да ја сакаат, како и да мислат на тоа дека не сме ние во почетокот на нашето „дело на светост“, туку секогаш е Бог. Станува збор за „мала светост“ која се развива препуштајќи се во Неговите раце. А луѓето кога ги среќавате треба да бидат во можност барем да ја гребнат Божјата убавина. Бог не е скротлив – истакна Папата – не му се потребни гради за да ја заштити својата слобода и нѐ заразува приближувајќи се, уште повеќе посветува сѐ што ќе допре.

Не е потребно сметководство за нашите крепости, ниту програма за аскеза, вежбална за личните напори или диета која се обновува од понеделник до понеделник како светоста да е плод единствено на волјата. Изворот на светоста е милоста за пристапување до радоста на Евангелието и дозволувањето таа да го обземе нашиот живот и поинаку повеќе да не може да се живее – рече Светиот Отец.

„Не“ на верноста во наизменични периоди

Папата Фрањо исто така потсети дека за епископската служба не постои сопственост или стекнати права. Таа напротив е богатство за кое треба сето подготвено да се продаде за да се зачува просторот на кој тоа се сокрива. Целиот говор на Папата е фокусиран на најитната задача на пастирот, а тоа е светоста. Не сте плод единствено на човечко гласање, туку на изборот од висините – потсети Папата и истакна дека од епископот не се бара верност во наизменични периоди, или пак селективна послушност, туку се бара преку денот и ноќта да се трошат.

Божјо татковство

Заради тоа ги поттикна да бидат внимателни и тогаш кога ќе се појави искушението за повлекување и кога злото дава да се насети дека нема да има зора. Токму во тој момент треба да се падне ничкум со лицето кон земјата за да го слушнете Бог и да останете верни и кога ќе ослаби силата. Имено верниците имаат право да ја пронајдат на вашите усни оваа порака: Во Исус се нуди Божјото татковство кое никогаш не се предава – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот