Патријархот Сако за планските прогонства врз христијаните
Не е тајна дека интервенираа „играчи однадвор кои во регионот делуваа врз основа на лични амбиции“. Тие демократијата и слободата ги искористуваа како покритие за да не лишат од нашите природни богатства и создадоа неред и тероризам во Ирак и на Блискиот исток.
Ова го изјави калдејско-вавилонскиот патријарх Сако, на конференцијата за правата на верските малцинства во муслиманскиот свет, која се одржува во Маракеш, Мароко.
Во својот говор, кој го пренесе агенцијата Фидес, патријархот тврди дека од 2003 година, со интервенцијата на американските вооружени трупи против режимот на Садам Хусеин, започнуваат историски процеси кои „со дневен ред, составен и добро програмиран“ го води Ирак кон пропаст, а цел му е да ги оддели христијаните од останатите автохтони верски малцинства.
Патријархот во говорот наведе низа неодамнешни случувања кои ја потврдуваат растечката дискриминација на христијаните во ирачкото општество. Во Багдад еден судија од судот исфрли еден христијанин сведок, тврдејќи дека во ирачките судови христијаните не можат да бидат сведоци. Некои муслимански градежници, пак, не сакаа да градат куќи или верски објекти за христијаните, бидејќи ги поистоветуваа со неверниците. Багдадските милиции ги зазедоа христијанските куќи, земјиште и други имоти. Во градот се поставен огласи, дури и во јавните институции, со кои се бара христијанските жени да носат вело, по примерот на Дева Марија.
Меѓу главните предизвици за спасување на Блискиот исток, патријархот ја истакна потребата од „образовани муслимански водачи, кои со зборови и дела ќе се спротивставуваат на фанатизмот и секташкиот менталитет“.
РВ/В.Н.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк