Парите не треба да бидат животна цел

Христијанинот го згрешил патот ако премногу е наврзан на парите – стои во Твитер пораката на Светиот Отец објавен во вторник 25 август на профилот @Pontifex.

Оваа порака – ја коментира помошниот римски епископ Гуерино Ди Тора – не е новост во науката на папата Фрањо кој секогаш искрено се обраќа, како на верниците поединци така и на епископите и свештениците.

Парите – рече епископот Ди Тора во разговор за Радио Ватикан – претставуват човечка сигурност: ако имаме пари, тогаш мислиме дека сме сигурни, што и да се случи. Тоа значи да ја засноваме својата сигурност на некои работи, а не на довербата во Бог. Сепак тоа не значи дека христијанинот е повикан да живее без пари, туку парите треба да бидат нешто што му помагаат да живее, а не е животна цел. Јасно е дека оној кој има повеќе пари може и повеќе да ги искористи за доброто на другите.

На прашање што би му предложиле на христијанинот кој премногу е заведен од парите, но се обидува да го пронајде вистинскиот пат, за да се усогласи со зборовите на Папата, епископот Ди Тора одговори дека пред сè никој не може само така да ја напушти својата сигурност. Ако довербата секогаш се става во материјални работи смешно е да се помислува дека сè оддеднаш ќе се отфрли. Прво треба да се пронајде поголема сигурност во Господ Исус, во верата. Дури тогаш може навистина да се отстрани од материјалните добра.

Епископот Ди Тора затоа предлага интензивен молитвен живот, слушање на Божјото Слово и ревен живот со другите и служење на ближниот. Многу години бев во Римскиот Каритас – рече епископот – и видов луѓе кои го променија својот живот само затоа што биле во контакт со оние во потреба. Фактот дека односот со оние во потреба навистина е Божји дар, бидејќи доведува до пронаоѓање на нешто поинакво.

На прашањето како одговара на критиките на сметка на Црквата и парите, епископот Ди Тора прво рече дека за жал постојат свештеници поединци или институции кои не знеле секогаш да дадат добар пример. Во тоа сите сме грешници, несовршени – рече тој. Но, не треба да гледаме само на негативната реалност, туку треба да се види и колку има позитивно; на тоа колку луѓе и институции кои работат за другите. Треба да се знае да се ценат добрите дела. Дури и ако има такви кои згрешиле, не треба врз основа на еден пример да се заклучува за целата реалност или структури – рече епископот Ди Тора.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот