Папа до правниците: Отфрлете ги пресудите кои исполнуваат туѓи желби

Папа до правниците: Отфрлете ги пресудите кои исполнуваат туѓи желби

Во петок, 29 ноември 2019 година, папата Фрањо ги прими на аудиенција учесниците на 5. Конгрес на Центарот за студии на Росарио Ливатино. Центарот го носи името по еден млад судија убиен во 1990 година од мафијата. Конгресот се одржа при Сенатот на Република Италија и се осврна на многу актуелна тема: „Судството во криза. Начини да се најде правда “.

Папата им се обрати на учесниците, правниците, судиите, адвокатите, универзитетските професори и нотарите, потсетувајќи се на мислите на еден млад судија за кого позитивно беше завршена епархиската постапката за беатификација.

Кога беше убиен, скоро никој не го познаваше – рече Светиот Отец и посочи: Работел во суд на периферијата. Бил ангажиран за конфискување и одземање на незаконски стекнат имот на мафијата. Тој го работеше тоа на непристрасен начин, почитувајќи ги гаранциите на обвинетите, професионално и со конкретни резултати. Затоа мафијата реши да го отстрани.

Осврнувајќи се на прашањето за евтаназија на една конференција, младиот судија посочил дека спротивставувањето на верниците на законот се заснова врз верувањето дека човечкиот живот е дар од Бога што е неприфатливо  човек да го задуши и прекине, исто како што несогласувањето на неверникот се заснова на верувањето дека животот е заштитен со природен закон кој, ниту едно позитивно право не може да го наруши или оспори, бидејќи спаѓа во подрачјето на „недостапни“ добра што не можат да бидат нападнати од поединци или општество.

Потсетувајќи дека оној кој ја спроведува правдата Росарио Ливатино го смета едноставно како државен службеник на кого му беше доверена специфична задача да го примени законот даден од општеството преку неговите сопствени институции, папата Фрањо истакна дека различната улога на судијата денес се повеќе се афирмира, според која таа, иако законот останува ист, тој може да го користи она што најмногу одговара за тој случај.

Затоа е изненадувачки што актуелноста на мислата на овој сицилијански судија, кој, според гледиштето на Папата, виде знаци за тоа што појасно ќе се манифестира дури подоцна. Росарио Ливатино нè остави сите со одличен пример за тоа како може да се изрази целосно верата во служба на граѓанското општество и нејзините закони; и колку послушноста кон Црквата може да се поврзе со послушност кон државата, – истакна Папата, посочувајќи дека овој млад судија сведочеше колку природната доблест на праведноста бара таа да се применува мудро и смирено.

Задачата на судијата ќе биде толку полесна, колку тој понизно ги прифаќа своите слабости, колку е достапен пред општеството и подготвен да го разбере човекот што го има пред него и да му суди со конструктивна понизност отколку како супермен. По смртта на Ливатин, кратенката на С.Т.,Д. која првично изгледаше мистериозна, беше забележана во неколку негови белешки на рабовите. Подоцна беше откриено дека ова е знак на чин на целосно предавање на волјата Божја, што Розарио често го повторуваше. Имено, оваа кратенка ја сочинуваат првите букви од терминот „Sub tutela Dei“, (Под Божја заштита) – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот