Папата ќе ја предводи светата Литургија по повод 60 години Медицински факултет на Католичкиот универзитет „Пресвето Срце“

Папата ќе ја предводи светата Литургија по повод 60 години Медицински факултет на Католичкиот универзитет „Пресвето Срце“

Папата Фрањо ќе ја предводи светата Литургија на 5 ноември на Католичкиот универзитет „Пресвето Срце“ во Рим по повод 60 годишнината од основањето на Медицинскиот факултет.

Светата Литургија на тој ден на унивезитетот ќе ја предводи Светиот Отец во 10.30 часот, објави Префектурата на Pапскиот дом. Потсетуваме дека Папата во јули неколку дена откако беше отпуштен од универзитетската клиника Џемели после операцијата на дебелото црево, упати писмо до ректорот Франц Анели. Во писмото Светиот Отец се присети на сто години од формирањето на универзитетот, чиј првичен повик е културно и целосно промовирање на човечкото битие.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот