Бискупот Стојанов гостуваше во емисијата „Новости од Европскиот парламент“

Бискупот Стојанов гостуваше во емисијата „Новости од Европскиот парламент“

На повик на хрватската пратеничка Маријана Петир, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов се наоѓа во дводневна посета на Европскиот парламент во Брисел, каде ќе ја отвори изложбата за света Мајка Тереза, по повод завршувањето на Европската година за културно наследство.

На првиот ден од посетата, 4 ноември 2018 година, бискупот Стојанов заедно со европратеничката Петир имаше интервју во зградата на Евроспкиот парламент за емисијата „Новости од Евроспкиот парламент“ во отвореното VoxBox студио. Во емисијата стана збор за изложбата за света Мајка Тереза по повод завршувањето на Европската година за културно наследство, Католичката црква во Македонија, како и моменталната ситуација во земјата.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот