Папата ќе посети конгрес на кардиолози
На 31 август 2016 година папата Фрањо ќе посети конгрес на кардиолози, соопштено е од Канцеларијата за печат при Светиот Престол. Околу 35.000 лекари од 140 земји ќе се сретнат на нивнта годишна средба во Рим.
Не е прв пат Папата вниманието да го насочува кон медицината. Веќе во 2014 година до здружение на лекари во Италија ја пренесе грижата за луѓето. Во јуни оваа година на средба со лекари во Ватикан јасно се изјасни против евтаназијата.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија:
Ватикан