Папата ќе го посети Светскиот совет на цркви во Женева

Папата ќе го посети Светскиот совет на цркви во Женева

Ватикан најави патување на папата Фрањо во Екуменскиот центар: Најверојатно папата Фрањо ќе го посети во април или мај Светскиот совет на цркви во Женева.

Заменик портпаролот на Светиот Престол оваа вест ја потврди по прашање на австриската католичка новинска агенција „Катпрес“. Терминот сѐ уште не е утврден, додека италијанските медиуми известуваат дека посетата ќе се случи во априли или мај оваа година. Според тие информации Папата е поканет од Светскиот совет на цркви.

Светскиот совет на цркви опфаќа околу 350 протестантски, англикански, православни, како и црковни заедници во повеќе од 110 земји. Светскиот сојуз, со седиште во Женева, е основана во 1948 година во Амстердам. Католичката црква не е членка на Светскиот совет на цркви, но во важни комисии католичките теолози работат како полноправни членови.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот