Папата ќе го посети Пиетрелчина и Сан Џовани Ротондо

Папата ќе го посети Пиетрелчина и Сан Џовани Ротондо

Папата Фрањо на 17 март 2018 годинина пасторално ќе го посети Пиетрелчина и Сан Џовано Ротондо, по повод 100 години од појавувањето на стигмите на телото на свети Пио од Пиетрелчина, како и петнаесет години од неговата смрт. Канцеларијата за печат при Светиот Престол ја објави и програмата за посетата на Папата, при што ќе ги посети важните места од животот на свети падре Пио од Пиетрелчина.

Околу 8,00 часот наутро папата Фрањо со хеликоптер ќе допатува во Пиетрелчина. Најпрво накратко ќе се задржи во капелата на свети Фрањо, каде ќе се помоли, а потоа следува средба со верниците на плоштадот. Кон крајот на посетата ќе ја посети и капучинската заедница во Пиетрелчина. Околу 9,30 ќе се упати кон местото Сан Џовани Ротондо. Прво ќе ја посети болницата „Casa Sollievo della Sofferenza“, а потоа ќе отпатува во маријанското светилиште каде ќе ја поздрави капучинската заедница и ќе се помоли пред моштите на свети Пио од Пиетрелчина. Посетата треба да заврши околу 14,00 часот, кога Папата ќе треба да пристигне во Ватикан.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот