Папата ќе биде примен во Белата куќа

Американскиот претседател Барак Обама ќе го прими папата Фрањо во Белата куќа на 23 септември.

Ова е објавено на 26 март во Вашингтон од страна на прес-службата на Белата куќа. За време на средбата ќе продолжи започнатиот дијалог помеѓу претседателот и Папата, кој започна во март 2014 во Ватикан, стои во соопштението.

На средбата, меѓу другото ќе стане збор за заедничките вредности и заедничкото ангажирање за обесправените и сиромашните. Како понатамошни теми за разговор во соопштението се истакнуваат: подобри економски можности за сите, заштита на животната средина, заштита на религиозните малцинства и интеграцијата на мигрантите и бегалците.

Според првичните планови Светиот Отец патува во Вашингтон на 22 септември. На 25 септември, ќе зборува во Њујорк на Генералното собрание на ОН и ќе се сретне со Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, како и со претседателот на Генералното собрание. Поводот за посетата на Папата на САД е осмиот Светски ден на семејства во Филаделфија.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот