Над еден милион верници, кои на 7 септември 2017 година, учествуваа на светата Литургија која ја предводеше папата Фрањо, беа и илјадници од оние кои се погодени од конфликтот во Колумбија, како и група бегалци од Венецуела, кои бегаат од насилството и бедата во својата земја.
И додека жртвите од конфликтот во Колумбија се во потрага за сила која им е потребна за прошка, Венецуелците се надеваат на утеха и поддршка, поддршка која им ја дава Црквите на границите на двете земји, како и венецуелските и колумбиските епископи кои воспоставија итна пасторална програма за да одговорат на нивната многу тешка ситуација.
Папата Фрањо во својата проповед во паркот Симон Боливар ја осуди „густата темнината“ која предизвика насилство и одзема човечки животи како во Колумбија така и во другите земји во светот. Рече дека таквата темнина е жедта за освета и омраза која ги валка рацете на оние кои со сопствениот авторитет го поправаа злото и неправдата, темнина на оние кои се безчувствителни пред болката и страдањето на многу жртви.
Папата Фрањо самиот себе се опиша како поклоник на мирот во Колумбија која после толку години во конфликт настојува да ги направи првите чекори во тешкиот процес кон мирот и помирувањето. Тој процес започна со потпишувањето на мировниот договор помеѓу владата и герилската група Револционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК), која се разоружа и претвори во политичка партија, а минатата недела е најавен билатерален прекин на огнот со Ослободителната народна армија (ЕЛН). И маакр што станува збор за важни чекори на патот кон мирот и помирувањето, вистинскиот мир, сè уште не владее во Колумбија: паравоени и бунтовнички групи и понатаму вршат насилство што доведува до раселување на населението.
Свесен за длабоките потреби на своето стадо за зборови за просветлување, кои би укажале на насоката и убавината на човечкото постоење, папата Фрањо ги поттикна верниците да се доверат на Господ, чие Слово е плодоносно, па и таму каде непријателството на човечката темнина уништува и киднапира. Мораме повторно едни на други да гледаме како на браќа и сестри, сопатници, соработници во таа заедничка задача која е татковината. Оставете ги зад себе себичноста, стравовите и парализираноста, и станете уметници на мирот, промотори на животот – заврши Светиот Отец.
РВ/к.мк