Папата Фрањо во недела 8 декември 2019 година, како и секоја година на празникот Безгрешно зачнување, ѝ оддаде почит на Блажена Дева Марија посветувајќи ја статуата која се наоѓа на плоштадот Мигнанели, веднаш до Шпанскиот плоштад
Гест со кој се искажува верноста на синот кон нашата Небесна Мајка – се зборовите што папата Фрањо ги објави за време на попладневното обраќање на традиционалната посета на Статуата на Блажената Дева Марија на плоштадот Мигнанели во Рим. Имено, станува збор за т.н. Статуа Безгрешна или бронзена статуа на Дама, поставена во 1857 година, на столб која датира од Римската империја. Во подножјето на статуата се наоѓаат статуи на Мојсеј и Давид и пророците Исаија и Језекиел. Римските пожарникари од 1923 години, секоја година на 8 декември традиционално полагаат венец на статуата Безгрешно зачнување, а Папата Пио XII е прв римски бискуп кој присуствувал на таа церемонија, во 1953 година, при одбележувањето на Маријанската година.
Иако сме грешници, не сме робови на гревот
Што повеќе напредуваме во животот, толку поголема е нашата благодарност до Бог, кој на нас, кои сме грешници, те даде за Мајка Тебе, која си Безгрешна – рече папата Фрањо на плоштадот Мигнанели, кој истакна дека мајка Марија нѐ потсетува на Христовата победа над злото, и додаде: Иако см грешници не сме робови на гревот. Не е исто да си грешник и да бидеш расипан. Едно е да паднеш и после тоавда се покаеш и повторно да станеш со Божјо милосрдие, а друго е да бидеш лицемерно помирен со злото и да имаш расипано срце, и да се покажуваш надворешно беспрекорно добар, додека внатрешноста ти е полна со злобни намери и ситничав егоизам. Марија сите нѐ повикува на јасност и едноставност. Многу е потребно да се ослободиме од најголемата опасност, а тоа е расипаноста на срцето! – потенцираше Светот Отец.
Побарајте поддршка во Марија
Папата ги довери на Блажена Дева Марија сите луѓе во Рим и целиот свет кои ги тишти недовербата, кои мислат дека за нив повеќе нема надеж, дека нивните грешки се преголеми и премногу и дека Бог со нив не сака да губи време. Затоа, Папата ги охрабри, во Марија да бараат поддршка затоа што таа е мајка која ги сака своите деца и како Безгрешна, односно полна со милости, и во најдлабоката темнина може да го покаже зракот на светлината на воскреснатиот Христос. Лицето на градот се менува кога Господ ги разбива оковите на зло кај луѓето, така и квалитетот на животот станува подобар, а општественото опкружување поподносливо – истакна Светиот Отец.
Деца на Бог Отецот
На крајот папата Фрањо уште еднаш се заблагодари на Марија затоа што нѐ потсетува дека повеќе не сме робови на гревот, и дека сите меѓусебно сме различни, слободни да се сакаме едни со други и да си помагаме едни на други како браќа. Истотака се заблагодари на Неа, Безгрешна затоа што ни помага злото да го држиме подалеку од нас и да ни дава драга мисла дека сме деца на Бог Отецот и неговата неизмерна доброта, вечниот извор на животот убавината и љубовта. После благословот Папата ги поздрави присутните луѓе со инвалидитет кои ги придружуваа волонтерите на UNITALSI, Тајландска национална унија за превоз на болни во Лурд и меѓународните светилишта.
Ватикан њуз/к.мк