Папата Фрањо: Со работните места не смее да се подигрува!
Во центарот на секое прашање, па и она поврзано со работата, секогаш нека се стави личноста и неговото достоинство, рече Папата за време на Генералната аудиенција во среда 3 септември 2014 година. Искажувајќи голема загриженост поради тешката ситуација низ која поминуваат многу семејства од Терни поради проектот на компанијата Тајзен Круп (ThyssenKrupp), Светиот Отец повторно апелира да не преовладува логиката на профитот, туку солидарноста и праведноста. Со работните места не смее да се подигрува! А оној кој поради пари, бизнис, поголема заработка го скратува правото на работа, нека знае дека им го одзема достоинството, рече Папата.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан