Во Еквадор следните денови се очекуваат два респиратори наменети за болниците кои работат на првата линија во борбата против ширењето на епидемијата.
Папата Фрањо подари на Еквадор два респиратори како помош во борбата со пандемијата од коронавирусот. Таа вест – како што стои на сајтот на епископската конференција на таа земји пристигнува од амбасадата на Еквадор при Светиот Престол. Амбасадорот на Еквадор во Ватикан Хозе Алварез Палачио ја извести нунцијатурата дека респираторите го напуштија Ватикан и дека следните денови ќе пристигнат во земјата – се напоменува на сајтот на епископската конференција. Според податоците на Министерството за здравство во Еквадор има скоро 50.000 позитивни на коронавирусот додека починати има повеке од 4.000.
Донацијата од Папата за Еквадор е само една од бројните кои ги направи во оваа време на пандемија. На пример на 23 април на празникот свети Георги на својот именден, Папата испрати два респиратори и многу личен заштитен материјал за болниците во италијанската покраина Лече; пет респиратори испрати во Романија, а три во Мадрид, во Шпанија земја во која уште во март пристигнаа неколку респиратори, дар од Папата.
Освен тоа, на 18 април испрати десет респиратори во Сирија, а три во болницата Свети Јосиф во Ерусалим и опрема за дијагностицирање во Газа и за болницата Светото Семејство во Витлеем. И болницата во Бергамо еден од италијанските градови кои пандемијата најмногу го погоди, прими на почетокот на април доцијала од 60.000 евра, додека на средината на тој месец на домовите на стари лица во Умбрија даруваше санитетски материјал. На крајот треба да се потсети дека Папата даде поддршка на основањето на Фондот за кризна состојба при Папските мисиски дела со почетен износ од 750.000 долари за да им се даде помош на мисионерските дела.
Ватикан њуз/к.мк