Папата моли за младите ученици убиени во нападот во Уганда и повика на мир во Украина

Папата моли за младите ученици убиени во нападот во Уганда и повика на мир во Украина

Папата Фрањо се моли за учениците убиени во „брутален напад“ во училиште во Уганда. Најмалку 41 лице го загуби животот. Напаѓачите наводно побегнале во соседната Демократска Република Конго

Повикувајќи ги сите да молат за мир, папата Фрањо во неговата прва неделна молитва Ангел Господов, во недела 18 јуни 2023 гоидина, откако беше отпуштен од болницата Гемели во Рим ги насочи своите мисли кон учениците кои беа жртви на „брутален напад“ во едно училиште во западна Уганда. Папата ги повика сите да молат за мир секаде каде што има тензии и војни.

Се молам за учениците, жртви на брутален напад на училиште во западна Уганда. Борби, војна насекаде… да молиме за мир!

Според локалните власти, бунтовниците на Сојузничките демократски сили (ADF) го испровоцирале нападот. Меѓу жртвите има и 38 млади ученици од средно училиште во западна Уганда, на само два километри од границата со Демократска Република Конго. Се вели дека се киднапирани неколку студентки. Пред училиштето загинаа чуварот и двајца членови на месната заедница. Осум лица се спасени и се во критична состојба. Некои тела наводно биле изгорени и се непрепознатливи.

Напаѓачите наводно се во бегство, а војската на Уганда е во потера. Сојузничките демократски сили (ADF) беа обвинети дека извршиле многу напади против цивили во последниве години, особено против заедниците во оддалечените области на источно Конго.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, Африканската унија и Европската унија го осудија нападот.

Нов апел за мир во Украина

Папата повторноупати апел да се истрае во молитвата за украинското население.

Да продолжиме да молиме за настраданиот народ на Украина – да не ги заборавиме! – кој толку многу страда, истакна папата Фрањо.

На крајот Светиот Отец ги благослови сите и ги повика да се молат и за него!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот