Папата Фрањо многу е поврзан со Богородица од Апарецида

Ватикан, 17.7.2013 /к.мк/ – Започна одбројувањето до Светскиот ден на младите кој ќе се одржи од 23 до 28 јули во Рио де Жанеиро, на тема:„Одете и направете ги сите народи мои ученици“. За папата Фрањо тоа е прво меѓународно апостолско патување кое ќе започне со посетата на Богородичното светилиште во Апарецида, заштитничка на Бразил. Токму тука во 2007 година, по посетата на Бенедикт XVI, тогашниот кардинал Бергољо го водеше одборот за составување на завршниот документ на Петата заедничка конференција на Латиноамериканските епископи.

Големата и многу длабоката побожност кон Богородица од Апарецида поради која секоја година околу 8 милиони поклоници го посетуваат ова светилиште во бразилската сојузна држава Сан Паоло. Тој мал црн кип на Богородица длабоко е поврзан со страдањата на измачениот народ, или подобро кажано „искршениот“ од ропство народ, како што беше искршен и кипот од Апарецида, кој во 1717 година го пронајдоа рибарите во реката Параида. Во нивните мрежи се нашло телото од теракота, а потоа и главата, црна како што беше црна и бојата на робовите.

Таа Мајка тогаш била надеж, но и денес, по многу векови бдее над Бразил. Двајца претходниици на папата Фрањо кон Богородица од Апарецида искажаа длабока побожност: Иван Павле II во 1980 година и Бенедикт XVI во 2007 година. Папата Бенедикт XVI ја прогласи за отворена споменатата Конференција на Латиноамеричките и Карипските епископи, давајќи им упатства за завршниот документ. Тоа за Бенедикт XVI беше прво интерконтинентално патување, токму така како што ќе биде и за папата Фрањо.

Ќе отпатувам за осум дена, рече Папата за време на пладневниот говор минатата недела на 15 јули, но многу млади ќе тргнат кон Бразил многу порано. Да се помолиме за ова големо поклоничко патување кое започнува, на нашата Богородица од Апарасида, заштитничка на Бразил, да ги води чекорите на учесниците, и ги отвори нивните срца за да го прифатат посланието кое ќе им го даде Христос, рече папата Фрањо ставајќи го Светскиот ден на младите под заштита на Богородица.

Во нејзиното лице учениците мисионери ја пронаоѓаат Божјата нежност, истакнато е во изјавата од Апарецида. Говорејќи за тоа како го доживеал Бразил, кардиналот Бергољо рекол дека Конференцијата во Апарецида била „момент на милост за Латиноамериканската Црква“. Читајќи го денес тој документ кој е објавен по конференцијата, се забележуваат бројни водечки црти во понтификатот на папата Фрањо: мисионерството на Црквата и на целиот Божји народ, важниот допринес на Евангелието како пат кон вистинскиот живот, но и „слатка и утешна радост на евангелизацијата“. Веќе тогаш идниот Папа, во проповедта за време на литургијата на 16 мај 2007 година, по повод Конференцијата во Апарецида, често го употребува изразот „периферии на животот“ во кои треба да се евангелизира, бидејќи, како што истакна, токму во страдањето, во непризнавањето на Бог од страна на многу луѓе, во неправда и осаменост, токму таму најмногу дува Исусовиот Дух. (В.Н.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<