Папата Фрањо лично ја потпиша книгата за болните деца
Светиот Отец лично потпиша примерок од книгата „Драг папа Фрањо“, која е поклонета на детската болница во сопственост на Светиот Престол, Bambino Gesu во Рим. Како посвета напиша: „До своите деца од болницата Bambino Gesu и сите оние кои со љубов се грижат за нив“. На претставувањето на книгата во болницата беше о. Федерико Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол и о. Антонио Спадаро, кој помагаше во подготовката на одговорите на прашањата кои на Папата му ги испратија деца од целиот свет.
Во суштина, ние сме Папска болница, а нашите деца – може така да кажеме – се деца на Папата. Затоа што често нашите лекари, медицински лица и доброволци мораат да одговорат на прашањата на децата, кои се често тешки или трагични, можеби одговорите на Папата може да ни помогнат – рече Маринела Еноц, претседател на административната комисија на болницата. Освен примерокот кој го потпиша папа Фрањо, издавачот ѝ донира на болницата дополнителни 500 примероци од новата книга на Светиот Отец.
РВ/Б.Р.