Папата по молитвата Ангел Господов: Војната, секоја војна секогаш е пораз

Папата по молитвата Ангел Господов: Војната, секоја војна секогаш е пораз

Светиот Отец во недела, 22 октомври 2023 година, по молитвата Ангел Господов повика на прекин на сите воени судири. Папата посебно мисли на народите во Израел, Палестина и Украина. Тој повика на итна испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа и ослободување на заложниците и потсети на Денот на пост и молитва што ќе се одбележи во петок, 27 октомври.

Војната, секоја војна, секогаш е пораз, уништување на човечкото братство. Во своето обраќање до верниците собрани на плоштадот Свети Петар по неделната молитва Ангел Господов, на 22 октомври, папата Фрањо уште еднаш упати апел сите оружја да замолчат.

Апел за хуманитарна помош и ослободување на заложниците

Светиот Отец посебно мисли на народите на Израел и Палестина: Многу сум загрижен и тажен, се молам и ја изразувам својата близина со сите оние кои страдаат, заложниците, повредените, жртвите и нивните семејства , рече Папата.

На редовната Генерална аудиенција одржана во среда, на 18 октомври, мислите и молитвите на папата Фрањо исто беа насочени кон сериозната хуманитарна ситуација во Појасот Газа, како и на насилството што ги зафати во последните денови христијанските места во таа област.

Ме ражалости што англиканската болница и грчката православна парохија беа погодени во последните денови. Повторно повикувам да се отворат простори, да се продолжи со доставување хуманитарна помош и да се ослободат заложниците, апелираше Светиот Отец.

Ден на пост, молитва и покајание

Римскиот бискуп потсети дека петок, 27 октомври, ќе се посвети на пост, молитва и покајание, а со почеток во 18:00 часот, во базилилата Свети Петар ќе се одржи еден час молитва посветена за мир во светот.

Војната, сите војни во светот, мислам и на напатената Украина, се пораз. Војната е секогаш пораз, таа е уништување на човечкото братство. Браќа, престанете! Престанете!, рече папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот