Папата Фрањо и патријахрот Вартоломеј молеа заедно во црквата на Светиот Гроб
На екуменската богослужба во црквата на Светиот Гроб, папата Фрањо се осврна на „трагичната поделба“ меѓу христијаните, истакнувајќи дека нашите несогласувања не смеат да нѐ преплашат и да го запрат нашиот напредок кон единството. Но, свесен и дека уште многу поделби мора да бидат надминати пред да можат христијаните да се соберат околу истата евхаристиска трпеза.
Христовиот гроб нѐ повикува да го напуштиме секој страв и да сметаме на Божјото изненадување, рече во својот говор патријархот Вартоломеј. Патријархот истакна дека патот до љубовта, опростувањето, вистинскиот мир и преданост кон вистината е патот по кој треба да одат сите христијани, без разлика на која Црква и припаѓаат, и така треба да дадат пример на целиот свет. Патот може да биде долг и тежок, но тоа е единсвтениот начин за да се исполни волјата на Господ, сите да бидат едно, рече во својот говор цариградскиот патријарх Вартоломеј.
Во своето обраќање папата Фрањо истакна дека е посебна милост да се биде на оваа молитва и потсети дека христијаните се луѓе на воскресението, а не на смртта. Не можеме да ги негираме поделбите кои постојат меѓу Исусовите ученици, а ова свето место нѐ прави да бидеме болно свесни на нивната трагичност, рече Папата. Треба да веруваме, како што каменот пред гробот беше отргнат, така ќе биде отргната секоја препрека кон нашето полно заедништво. Тоа ќе биде милоста на воскресението, чиј што предвкус веќе го имаме денес. Секогаш кога бараме простување од другите заради нашите гревови направени против други христијани и секогаш кога собереме храброст да дадеме и да примиме такво простување, го вкусуваме воскресението. Секогаш кога ги надминуваме нашите долготрајни предрасуди и најдеме храброст да градиме нови братски односи, сведочиме дека Христос воскресна, истакна Папата. Во говорот Светиот Отец поттикна на молитвеното сеќавање на целиот овој регион, кој често е означен со насилства и судири; на многумината мажи и жени кои низ целиот свет страдаат поради војни, сиромаштво и глад, како и на христијаните кои се прогонувани поради верата во Воскреснатиот.
Целата екуменска богослужба по повод 50 годишнината од средбата на папата Павле VI и патријархот Атенагора беше исполнета со многу симболи. Папата Фрањо и патријахот Вартоломеј во црквата влегоа секој од својата страна, а потоа се сретнаа во средината на Црквата и се прегрнаа. За прв пат е прекинат и статус кво меѓу Католичката и грчката – православна и арменска Црква, така што христијаните во Црквата на Светиот Гроб не молеа едни за други или едни после други, туку заедно. Поради тоа таа средба беше голем предизвик за организаторите, поради што започна со закаснување. Папата и патријрхот беа поздравени од тројцата црковни великодостоинственици: православен грк, ерменец и еден фрањевец. Двајцата црквени великодостоинственици, Папата и патријархот, искажаа почит на каменот кој се наоѓа на влезот од црквата на Светиот Гроб, на кој било положено телото Исусово откако е симнато од Крстот. На средбата Евангелието беше навестено на грчки и латински, а пееше грчки хор.
Папата Фрањо и патријархот Вартоломеј молеа заедно на Светиот Гроб и на карпата на која стоел Исусовиот крст, по што ги благословија присутните на тој историски настан. По завршувањто на екуменската богослужба двајцата црковни поглавари во ист автомобил заминаа во седиштето на латинскиот патријарх, каде што вечераа заедно.
РВ/го*ко