На светата Литургија, која папата Фрањо ја служеше во базиликата Свети Петар, по повод празникот Христос Цар и Светскиот ден на младите, кој денеска се празнува на епархиско ниво, ги поттикна денешните млади да се задржат на нозе додека сѐ се руши, да бидат градители среде рушевини. Храбро да одат против струјата, без сопки, без лаги
Бидете сонувачи кои нѐ одржуваат отворени за изненадувањата на Светиот Дух; храбри сонувачи, слободни и веродостојни, занесени од вистината, за да можете да им кажете на вашите соништа: мојот живот не е роб на логиката на овој свет, затоа што царувам со Исус за праведност, љубов и мир! – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија во недела 21 ноември 2021 година, на празникот Христос Цар и по повод XXXVI. Светскиот ден на младите, кој се слави на епархиско ниво.
Драги млади, сакам секој од вас да ја почувствува таа радост и да може да каже: „И јас сум цар со Исус“. Јас сум цар; Јас сум жив знак на Божјата љубов, неговото сочувство и неговата нежност. Јас сум сонувач заслепен од светлината на Евангелието и со надеж гледам ноќни визии. Кога ќе паднам, во Исус наоѓам храброст за борба и надеж, храброст да се вратам во соништата. Во секоја доба од животот – рече Папата.
Погледни нагоре
Светиот Отец во својата проповед размислуваше за две сцени од литургиските читање за денешната литургија: за Христовото доаѓањето на „небесните облаци“, како и за Христос кој пред Пилат вели: Јас сум цар. Добро е, рече тој, да застанеме и да размислуваме за овие сцени на Исус додека го започнуваме нашиот од кон Светскиот ден на младите во Лисабон во 2023 година. Исус доаѓа на небесните облаци да нè смири, објасни Папата, за да не нѐ остави сами во тешките моменти од животот; но треба да го препознаеме, да гледаме подалеку подалеку во ноќта, да погледнеме нагоре за да го видиме среде темнината.
Што значи да се гледаат ноќни визии? – праша и објасни: Да имаме блескави очи и во темнина, да не престануваме да бараме светлина среде темнината што често ја носиме во срцето и која ја гледаме околу нас. Тоа значи да го подигнеме погледот од земјата, кон височината, но не за да избегаме, туку за да го надминеме искушението да останеме да лежиме на подот на нашите стравови. Тоа е опасноста – да нѐ кочат нашите стравови. Тоа значи да не останете затворени во мислите и да не плачете за себе. Погледни, стани! – поттикна папата Фрањо.
Не губете ја способноста да сонувате
Затоа, повикот на Папата до младите е да станат утрински стражари кои знаат да ја видат светлината во ноќните визии, да бидат градители среде рушевините, сонувачи кои не дозволуваат ноќта да ги проголта, туку да го запалат пламенот, светлината на надеж, која го најавува утрешниот ден. Сонувајте, бидете брзи и храбро гледајте во иднината. Сите сме ви благодарни кога сонувате – рече Папата, додавајќи дека некој можеби ќе забележи дека младите, кога сонуваат, често прават врева. Бидете бучни – додаде тој – затоа што вашата врева е плод на вашите соништа. Тоа значи дека не сакате да живеете во ноќ, кога од Исус правите сон за вашиот живот и радосно го прегрнувате, со заразен ентузијазам, кој ни прави добро! И што и е потребно на Црквата. Потребна ни е ревноста на младите за да бидеме сведоци на Бог кој секогаш е млад!
Свежоста на младите станува нова сила; затоа папата Фрањо им се заблагодарува на младите за нивната посветеност да го направат светот поубав и похуман; затоа што се поблиски до Исус. Многу од вашите соништа одговараат на соништата од евангелието. Братство, солидарност, правда, мир; исти се Исусовите соништа за човештвото.
Ви благодарам што го негувате сонот за братство, што во срцето ги имате раните на целото создание, што се борите за достоинството на најслабите и што го ширите духот на солидарност и споделување. И најмногу од сè, ви благодарам што сте во свет кој, притиснат од заработката на денешницата, има тенденција да ги задушува големите идеали; не губете ја способноста да сонувате! Немојте да живеете заспиено или зашеметено. Сонувајте живи – ги охрабри Папата младите.
„Јас сум цар“; Исусовите зборови до Пилат не кријат двосмисленост, храбри се и слободни, без двосмисленост, како би навестил дека неговото царство е различно од оние во светот; неговото царство е Царството на љубовта. Привлекува таа Исусова слобода! – истакна Папата. Да дозволиме да трепери во нас, да нѐ потресе, да ја разбуди во нас храброста за вистината.
Блага и скромна сила
Во оваа слобода го следиме патот на доброто, иако тој е напорен и потежок, затоа што оди против струјата, против префрлување на нашите гревови на другите, против себичното и круто „јас“, како би појделе по Исусовите стапки. Тој нè учи како да одиме против злото само со нежна и скромна сила на доброто. Без сопки, без лаги, без лицемерие – рече Папата и додаде: На нашиот свет, ранет од многу зла, не му требаат други двосмислени компромиси, луѓе кои одат ваму-таму како морски бранови – каде ги носи ветрот, каде ги носат нивните интереси. Не му требаат оние што се малку десно и малку лево, кои претчувствуваат што се исплати. Тоа се еквилибристи.
Еквилибристи кои секогаш бараат начин да не ги извалкаат рацете, да не го компромитираат животот, да не се стават сериозно во игра. Бидете слободни, автентични, бидете критичка совест на општеството. Не плашете се да критикувате! Ни треба вашата критика. Многумина од вас го критикуваат, на пример, загадувањето на животната средина. Тоа ни треба! Бидете слободни во критиките – поттикна папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк