Папата Фрањо: Да не се затвораме во парохиите, да одиме кон оние кои се оддалечени

Рио де Жаниеро, 28.7.2013 /к.мк/ – Во сабота 27 јули папата Фрањо славеше света Литургија со епископите, свештениците, монасите, монахињите и богословите од целиот свет кој учествуваат на Светскиот ден на млади. Гледајќи ја катедралата полна со епископи, свештеници, богослови и монаси, размислувам за псалмот од денешната света Литургија: Сите народи нека те фалат, о Боже! Тука сме да го фалиме Бог, а тоа го правиме потврдувајќи ја својата волја да бидеме орудие за да го слават Бог сите народи, а не само некои – рече Светиот Отец, додавајќи дека поради тоа со присутните сака да размислува за три погледа на свештеничкото звање.

„Вие не ме избравте мене, туку јас ве избрав вас“, ни вели Исус во Евангелието според Иван. Значи Бог нѐ повика, Тој е извор на нашето звање; значи тоа е Божји избор, Бог нѐ повика да бидеме со Исус, со него да бидеме така соединети како и свети Павле за да можеме да кажеме: јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене (Галатјаните, 2,20). Тоа единство со Христос не одбележува она што сме и што правиме. А тој живот во Христос ни гарантира апостолски успех, плодност на нашата служба: „Одредив да одите и да дадете плод и вашиот плод да остане (сп. Иван 15,16). Ниту средбите, ниту планирањата во пасторланата работа не гарантираат плод, туку верноста кон Христос, кој упорно ни зборува: „Останете во Мене и јас ќе останам во вас (сп. 15,4) – објасни папата Фрањо додавајќи: Добро знаеме што значи да се размислува за Христос, да му се поклонуваме и да се прифати, посебно во нашата верна молитва, во нашата секојдневна средба со него, присутен во Евхаристијата и во лицата со потреба. Да се биде со Христос не значи повлекување во осаменост, туку значи да се оди во средба со другите. Ми доаѓаат на ум зборовите на блажена Мајка Тереза од Калкута: „Мораме да бидеме горди на своето звање кое ни овозможува да му служиме на Христос преку оние кои се во потреба. Треба да се оди во периферијата, таму да се бара и да му се служи на Христос. Кон сиромашните треба да одиме како кога свештеникот радосно пристапува на олтарот – нагласи Светиот Отец, а потоа се осврна на свештеничкото послание:

Бог нѐ повика да го навестуваме Евангелието, Радосната вест. Многумина од вас се дојдени со младите на Светскиот ден на младите. И младите ги слушнаа Исусовите зборови: „Одете и направете ги сите народи мои ученици“. Нашата обврска е во срцата на младите да ја распламтиме желба да бидат Исусови ученици – мисионери. Многумина можат да се исплашат од тој повик, мислејќи дека мора да ја напуштат својата земја, роднини, пријатели, ако сакаат да бидат пријатели. Да им помогнеме на младите да бидат свесни дека преку крштението стануваме ученици – мисионери, дека посланието е важен дел од христијанскиот живот, евангелието треба во прв ред да се сведочи во сопствената куќа, на училиште или на работа, сопственото семејство и своето пријатели – објасни папата Фрањо, поттикнувајќи ги епископите и свештениците да не се штедат при воспитувањето на младите.

Обраќајки се до своите христијани свети Павле користи убава изрека која била реалност во неговиот живот: Чеда мои, со голема болка ве раѓам додека Христос не се обликува во вас“. Таа реченица на свети Павле и во нашата служба е реалност. Да им помогнеме на своите млади да ја откријат својата храброст и радоста на верата, радоста дека Бог ги љуби. Да ги воспитуваме за послание, да излезат и да одат. И Исус така правеше со своите ученици; не ги задржа за себе како што квачката прави со пилињата; ги прати – објасни папата Фрањо продолжувајќи:

Не можеме да се затвориме во парохиите, во своите заедници додека многумина очекуваат да им се навести Евангелието. Не станува збор за тоа едноставно да се отворат вратите за прифаќање, туку во тоа да се оди во пресрет. Мораме да одиме кон оние кои се оддалечени, кои обично не ја посетуваат парохијата, и тие се повикани на гозбата Господова – објасни Светиот Отец и продолжи:

Повикани сме да промовираме култура на средби. За жал во многу средини постои култура на исклучување, „култура на отпад“. Нема место за старите лица, ниту пак за несаканите деца, нема време за сиромашниот на улицата. Понекогаш изгледа дека човечките односи се темелат на две догми, на успех и прагматизам –рече Светиот Отец.

Драги епископи, свештеници, монаси и богослови не плашете се да одите против струјата. Да не се одрекуваме од овој дар Божји: единствено семејство на деца Божји. Средби, прифаќање, солидарност и братство ја прават човечка нашата цивилизација. Мораме да бидеме во служба на заедништво и култура на средби. Според ова мораме да бидеме досадни. Не сакаме да бидеме занесени наметнувајќи ја својата вистина. Тоа што нас нѐ води е понизната и среќна сигурност најдена, опфатена и преобразена преку Вистината, која е Христос и кој не може да не ја навестува таа прагматизам истина, заврши Папата и на сите им ја препорача Марија за пример.(го*ко)

Категорија: Uncategorized

За авторот

Write a Comment

<